„И ОДМОР, И ЗАШТЕДА“ – ПРОМОТИВЕН ОРОЧЕН ДЕПОЗИТ НА ПРОКРЕДИТ БАНКА СО АТРАКТИВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА САМО 13 МЕСЕЦИ

Добивај вести на Viber

Во летните денови,вистински предизвик е да се најде рамнотежа помеѓу штедењето и уживањето. Токму затоа, ПроКредит како одговорна банка, преку мотото “И одмор, и заштеда” ја поттикнува културата на штедење со понудата за орочен депозит со атрактивни каматни стапки и рок на орочување од само 13 месеци.

Во промотивниот период, ПроКредит нуди фиксни каматни стапки до 3.6% за денари на рок од 13 месеци и до 2.5% за евра на рок од само 13 месеци.

Краткиот рок на орочување е бенефит кој клиентите посебно го ценат,бидејќи за приближно една година парите повторно им се на располагање и можат да прават нови планови за иднина.Па така, доколку започнете со штедење денес, вашата заштеда за летниот одмор наредната година е веќе загарантирана бидејќи каматата е фиксна.

ПроКредит банка како единствена банка со 100% германски капитал во нашата земја, во изминатите 20 години се стекна со репутација на доверлива и стабилна банка со висока ликвидности со висок кредитен рејтинг, што ја прави прв избор за штедење на бројни клиенти.

Покрај сигурната заштеда за иднината, за прв пат на нашиот пазар ПроКредит Банка носи и уникатна поволност – бесплатни девизни приливи од странство до крајот на годината за сите нови клиенти кои ќе отворат сметка во промотивниот период до 31 август, што е дополнителна заштеда на трошоци. Имајќи ја предвид специфичноста на трансакциите со странство, банкатаобезбедува поддршка ивисоко-професионална услуга од лични банкарски советници кои можат да одговорат на сите барања поврзани со овие трансакции.

ПроКредит Банка е препознатлива по своите современи дигитални банкарски услуги, па така и аплицирањето запромотивните услуги може да се направи брзо и лесно, целосно онлајн на веб страната на банката.

Искористете ја промотивната понуда за штедење и девизини трансфери и аплицирајте на следните линкови.

Апликација за штедење: ProCredit Bank - Апликација за отворање орочен депозит (pcb.mk)

Апликација за отворање сметкасо бесплатни приливи од странство: ProCredit Bank - Основен пакет (pcb.mk)

*пр-објава