Здравје // Совети
И земјите од регионот почнаа да нарачуваат од новата протеинска вакцина: Како функционира и дали треба да нарачаме?
Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, во петокот на прес-конференција објави дека Хрватска ќе набави нова, протеинска вакцина, произведена од француската фармацевтска компанија Санофи / ГСК.
Тој посочи дека оваа вакцина е различна и поевтина од mRNA вакцината.
"Нарачавме околу 300.000 дози од иновативната вакцина. Досега имавме вектор вакцина (AstraZeneca) и mRNA (Pfizer и Moderna). Ова е протеинска вакцина и според најавите ќе биде многу ефикасна. Таа е многу поевтина од mRNA вакцината. Сепак чекаме и на сите детали од ЕМА, рече Чапак.
Додаде дека нарачки прават и други земји, досега најмногу Германија. Што напиша др. Беќаровски за новата протеинска вакцина прочитајте на Фактор.мк