„Иден крал, а ова да му го направат“: Твитер полуде по роденденската фотографија на принцот Џорџ-обвинувања за Кејт и Вилијам

Во чест на денешниот деветти роденден на принцот Џорџ Луис Александар, официјалниот Твитер профил на Кенсингтонската палата објави фотографија од славеникот, која од една страна ги воодушеви корисниците на оваа социјална мрежа, а од друга опасно налути други.

Автор на фотографијата е Кејт Милдтон, која традиционално ги фотографира своите деца за посебни прилики, вклучително и родендени. Војвотката од Кембриџ се занимавала со фотографија и пред да се омажи за принцот Вилијам во 2011 година во Лондон, а за време на пандемијата на корона вирусот организирала хуманитарен фото-натпревар „Како Британците се борат со здравствената криза“.

Прекрасната фотографија на Џорџ е направена на почетокот на месецов на семејно патување по завршувањето на учебната година. Некои истакнуваат дека славеникот е ист како мама Кејт, други честитаат и жалат за детството, посочувајќи дека се многу постари од британскиот принц, но има и зајадливи коментари кои гласат: „Има уште 20 милиони други луѓе по име Џорџ кои го слават својот роденден денес“ , „Нема да помине долго пред да почне да прави пропагандни кругови за добротворни цели кои нема да имаат корист од неговото покровителство“.


Има и такви на кои им пречеше тоа што роденденот на Џорџ беше одбележан со една единствена фотографија:

„Луј: четири слики, Шарлот: три фотографии, идниот крал Џорџ: една слика“, „Принцот Џорџ е наследник на тронот, ова е шега. Додека неговиот брат и сестра имаа четири и три слики, тој има само една. Целосно го игнорираат“. Во овие коментари се потсетува како се славеле родендените на принцезата Шарлот и принцот Луис, помалите деца на Кејт и Вилијам.

„Не разбирам во што е проблемот. Љубезно од неговите родители да објават една фотографија за да ја видиме. Сигурен сум дека на Џорџ не му пречи. Можеби сега децата се доволно возрасни за да изберат кои слики ќе ги објават и ова можеби е единственото нешто што го сакаше“, е контра одговорот.

Навистина, има ли нешто лошо во тоа да се објави фотографија? Во исто време, ако некој веќе ја согледа неправдата, зарем не би можело да се заклучи дека објавувањето на една слика всушност му дава предност на Џорџ? Може, но и тоа би било погрешно.