Иднина без чад: Модната индустрија почнува да му врти грб на пушењето

Добивај вести на Viber

Цигарите сè уште се поврзани со модата, но индустријата конечно почнува да ја прифаќа иднината без чад и надвор од модната писта.

Модната индустрија во овој период од годината паузира, до почетокот на уште една сезона на Модната недела, која се очекува да стартува во февруари следната година. Без разлика дали се работи за модните настани во Њујорк, Лондон, Милано или Париз, не е секогаш облеката за која сите зборуваат. Може да се очекува некој од дизајнерите да организира контроверзен трик на модната писта, или славна личност да се однесува лошо во првиот ред.

Честа тема на разговор на модните ревии се цигарите што ги пушат моделите на модната писта. Врската на пушењето со модата може да се проследи уште во 1920-тите  години, кога жените почнале да ја прифаќаат традиционално машката забава. Со поимите за бунт и независност, сите модели често билеприкажувани во рекламите со цигара во рака. До 1960-тите, Ив Сент Лорен дури и дизајнираше женски смокинг очигледно за пушачи, насловен „Le Smoking“, кој имаше сатенски ревери за одбивање на пепелта.

Во текот на 20 век, пушењето продолжи да се појавува во модните реклами и фотосесии. Индустријата е позната по својот бунтовнички дух и нејзината намера да провоцира, па не е изненадување што цигарите сè уште се поврзани со модата. 

Објаснувајќи ја важноста на пушењето во модните снимања, британската стилистка и моден уредник Маријан Квеи објасни: „Знаеме дека пушењето не е добро за нас. Проблемот со модата е дека се работи за бунт. Станува збор за осмислување нови идеи и за привлекување на јавноста да ги види тоа од перспектива на дизајнерот“.

Многу списанија се оддалечуваат од сликите за пушење. Меѓународниот консултант за мода и односи со јавноста, Чимер Сисе забележа постепена промена во големите американски и британски магазини, иако признава дека пушењето сè уште е популарно кај неговите француски колеги.

„Големите, главни списанија се оддалечуваат од користењето цигари. Влеговме во доба на благосостојба. Сакаме да бидеме поздрави, па има чекор во таа насока. Цигарата е класична, култна слика, но се помалку може да се види. Некои од поголемите модни брендови би биле претпазливи да го гламуризираат пушењето во ова нововреме, кога севоди повеќе сметка за здравјето. Тоа е речиси во согласност со движењето против крзното“. 

Додека многу од главните списанија се оддалечуваат од цигарите, се чини дека некои од пожестоките и алтернативни модни публикации сè уште го користат пушењето како „реквизит“ за да создадат атмосфера во фотографиите.

Квеи верува дека ова е застарен концепт, а оние што го спроведуват треба да бидат поиновативни. Таа објасни: „Целата работа со пушењето во фотосесиите стана здодевна. Секоја втора слика што ја гледате содржи цигара. Тоа е мрзелив начин за додавање атмосфера. Индустријата треба да излезе со повеќе креативни кампањи, повеќе креативни снимања. Треба да создадеме атмосфера преку користење на други реквизити“.

Квеи призна дека е толку посветена на пораката против пушењето што морала да се повлече од снимањето кога фотографот или уредникот инсистирал да вклучи пушење.

Кога популарните модели, кои сега имаат милиони следбеници на социјалните мрежи, пушат во фотографиите, тоа често предизвикува контроверзии, што веројатно немаше да се случи пред 20 години. Во 2011 година, супермоделот Кејт Мос предизвика бес кога пушеше цигара на модната писта на Луј Витон на модната недела во Париз, која иронично се одржа на „Денот против пушењето“ во нејзината родна Велика Британија.

„Кога моделот е сликан со цигара, често има бурни реакции на социјалните мрежи. Сите се посвесни кога ќе се појави таква фотографија“, вели Сисе.

Некои од имињата и брендовите во индустријата се оддалечуваат од пушењето, особено што денес е сè поактуелен концептот за намалување на штетите како начин за искоренување на пушењето цигарите, како навика штетна по здравјето, со користење на помалку штетни алтернативни електронски уреди. Концептот за намалување на штетите кој е наменет за оние кои не можат или не сакаат да се откажат од никотинот, денес е широкот прифатен како подобра алтернатива. Електронските уреди, како IQOS, се базираат на технологија која го загрева тутунот и не создава чад и катран, туку аеросол кој, за разлика од чадот кој содржи само цврсти честички, е комбинација на течни капки, цврсти честички и воздух. Како резултат на тоа, тие испуштаат помалку и пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни состојки во споредба со чадот што се создава при согорувањето на тутунот. 

Квеи верува дека нагонот за промени во индустријата сега лежи кај растечките млади ѕвезди на модниот свет, особено етичките брендови, кои одбиваат да го стават пушењето во нивните фотографии. Таа додава: „Видов дека повеќе од етичките брендови ја преземаат пораката против пушењето. Тие знаат дека забраната за пушење е поодржлива за животната средина. Малку по малку, некои брендови стануваат посвесни за животната средина. Забележав дека дигиталните списанија се борат против гламурозноста на пушењето“.

Додека некои од имињата и брендовите во индустријата се оддалечуваат од пушењето, има уште многу пат да се изоди. Следејќи ја најновата серија модни недели, дали некои од големите брендови или публикации во следните месеци ќе се залагаат за начин на живот без цигари? Критичарите се надеваат дека индустријата како целина е конечно подготвена да продолжи понатаму и да прифати подобра иднина.


ПР објава