Игор Џамбазов ја омажи внуката, невестата во елегантен, но необичен фустан (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Актерот и шоумен Игор Џамбазов на социјалните мрежи сподели убави вести. Тој ја омажи внуката Марија Прличкова, а за да биде комплетна сликата фалеше единствено неговата сакана Илина.

Марија е правнука на познатиот македонски актер, Петре Прличко, кој бил прв братучед на нејзиниот прадедо.


Љубовта , Марија и нејзиниот избраник ја озаконија на интимна церемонија за најблиските.

„Денес ја омажив внучката...

Најдесно е зетчето Емил , до него невевчето, Марија.

Плус Искра и јас, двете старосватици...

Деца, да сте среќни, вљубени, здрави и бериќетни!!!

Подарокот е од Илина Арсова , и ни фалеше многу...“ - напиша Игор на Фејсбук.

Невестата беше облечена во нежен елегантен фустан во беж нијанса.



Фото: Инстаграм/Фејсбук