ИГРИ ВО СНЕЖНИОТ ПАРК
Влегов в канцеларија и
седнав на маса. Имав доверливо работно место и имав посебна канцеларија. Иако
беше мала, удобно се чувствував во неа, се навикнав на неа. Имаше повеќе вакви
посебни помали канцеларии, но имаше и една голема океан-канцеларија каде што
работеа повеќе колеги и колешки. Интересно беше тоа сите беа добри, многу се
почитуваа меѓу себе, секогаш подготвени да си помогнат и во работата и
приватно. Честопати и мене ми се нудеа и ми помагаа ако имав нешто итно да
завршам. Секогаш беа подготвени за шега. Кога ќе почнеа да се шегуваат и да се смеат,
ечеше целата зграда и сите останати излегувавме од своите канцеларии и одевме во
океан-канцеларијата за да се расположиме.
Оваа пријатна атмосфера делуваше врз мене спокојно. Мислам дека мирот ми ја зацврстуваше самодовербата. Работата ми беше исклучително тешка, меѓутоа и интересна. Многупати останував по работното време, но мене не ми претставуваше проблем бидејќи си ја сакав мојата работа. Ме исполнуваа различните контакти што ги правев со луѓето и нивните гледишта кон работите. Менаџерскиот тим беше задоволен од мојата работа и имав солидна биографија испишана од нив насочена кон мојата умешност и вештина во работата.
Пофалните зборови за мене допреа до ушите на Лена, мајка му на Алек. Таа како и сите лицемери, веднаш почна да го притиска Алек да се префрлам во нивната фирма и почна на секаков начин да влијае врз него. Тој почна да ме убедува меѓутоа јас одбивав секаква дискусија на таа тема. Ако заминев од ова работно место, само ќе влезев во нејзината пајакова мрежа. Сама не себе ќе си направев штета. Сигурно и кај нив не ќе можев да издржам и ќе си заминев и ќе се каев зошто дојдов да работам во фирмата на Алек.
Имав два клиенти од мојата „друга“ професија и од време на време ме викаа за придружба во градот каде што студирав. Ќе ги придружував, ќе заработев пари, ќе се видев со Изабела и ќе се вратев дома.
Погледнав низ прозорец. Секаде белило, отмено, снегот веќе се напластил врз улиците. Возилата за чистење снег кружеа и собираа снег, а друга екипа фрлаше сол по улиците. Снегот е нешто посебно, нешто што ми создава радост во душата и во срцето. Ако не дојде Алек вечерва, ќе ја повикам Исидора, комшивката, со нејзиното мало синче Лука за да излеземе заедно, да му се порадуваме и да потрчаме по снегот.
Паузата за ручек секогаш ја чекав со особена жар. Меѓутоа, во последен момент ми се јави клиент кој веќе бил дојден за да преговараме. Не сакав да му откажам и за време на паузата продолжив со работа. Мина ми се јави за да ручаме заедно но ја одбив. Го понудив клиентот да ручаме заедно меѓутоа бил зафатен. Тој беше задоволен од понудата и ако прифати тоа ќе биде голема зделка во која и јас имав добар удел.
Кога замина веќе беше доцна. Го отворив прозорецот за да вдишам чист воздух. Снегот престанал да вее, небото беше сино-бело, воздухот ладен, но многу свеж и полесно се дишеше. По улиците поминуваа луѓе кои весело џагореа и му се воодушевуваа на штотуку паднатиот снег.
Телефонот ми заѕвони. Се јави Алек и ме праша: „Уште колку време ќе бидеш на работа? За колку време да поминам?“ „За два саати“, му одговорив. Во истовреме ми се јави комерцијалниот менаџер и ми кажа да отидам кај него на консултативен состанок. Беа присутни директорите и имавме конструктивен состанок за иднината на фирмата. „Може да ме унапредат во иднина“, си помислив.
Со таа мисла заврши работниот ден, а кога излегов ме чекаше Алек. Ме бакна и тргнавме со колата во големиот парк. Застанавме и излеговме од колата. Колку беше величествено во паркот. Сѐ беше бело, дури и малите поточиња беа бели одозгора и имаше заледено снег. Дрвјата и гранките полека се нишаа од некој благ ветер. Гранките на дрвјата натежнати од снегот се наведнале и чиниш секој момент ќе падне снегот од нив.
Алек ме прегрна цврсто и прегрнати шетавме низ паркот. Навлеговме во тревната површина и правевме топки од снег, се мававме со нив, правевме фигури по снегот и тој нежно ме креваше и ме туркаше во снегот.
Последниот пат кога ме турна во снегот, почна и тој да паѓа врз мене. Ми ги масираше градите и почувствував како неговите раце станаа топли од возбудата. Не ми трепереше срцето од возбуда кон него, туку од чиста навика. Се беше сведено на рутина, дури и нашето водење љубов.
Во еден момент ми го отвори патентот од панталоните и неговиот топол и набрекнат „орган“ силно навлезе во мојата „мачка“. Тој почна силно да „влегува“ во мене, а јас се нишав напред-назад во ритамот на неговите „удари“. Колку било убаво легнат на снег да водиш љубов и да го почувствуваш крцкавиот снег под тебе – снегот лади, а ти се потиш.
Во тоа е снежната магија. Сѐ се меша – и топло и ладно. Чувствата се прелеваат во тие магични мигови. Почнав да стенкам сѐ погласно и Алек „забрза“ затоа што и неговите „топчиња“ му беа потечени како балони. Мојата „внатрешност“ почна да пулсира и Алек веќе беше при „крај“. Со Алек во сексот бевме изедначени бидејќи многу години бевме заедно.
Само што завршивме, се појави мајка со дете кое носеше балон в рака. Ја пушти мајка си и истрча кај нас и почна да вика: „Мамо, брзо дојди да ми помогнеш, тетката и чичкото паднале на снегот. Да ги кренеме заедно, не можам сам“. Мајката се приближи, го фати за рака и му рече: „Сами ќе станат, ајде да си одиме“. Малиот беше упорен и тогаш јас се вмешав и почнав да го убедувам: „Ајде, ние стануваме, си игравме игри на снегот“. Станавме и тогаш малиот се убеди дека сме добро и си заминаа со мајката.
СОСЕТКИ