Иконата Грејс Џонс на 76 год. половина час вртеше хулахоп во Скопје: “Сакам ве сите Македонијо„
Меѓу 100-те најважни имиња во рокенролот во музичката историја на светот
Од манекенската кариера која ја започна во 70-тите до иконата на Студио 54, филмската кариера во класиците како Vamp, Conan the Destroyer или A View to a Kill и незаборавните настапи, Грејс Џонс остана позната по нејзиниот андроген изглед кој го зацврсти нејзиното место во поп културата.
VH1 ја вклучи во листата на 100 најважни жени на рокенролот, додека Билборд ја смести меѓу 40-те најголеми имиња во клупската култура. Таа се врати на сцената во 2009 година со забележителниот албум Hurricane и оттогаш не престана да настапува, а на сцената е исто толку оригинална како и на почетокот на кариерата.
Авторката, пејачка, музичарка и модел со потекло од Јамајка е сопственик на некои музички класици, од албуми како Warm Leatherette и Nightclubbing до синглови како Private Life, Pull Up to the Bumper, I've Seen That Face Before и Slave to the Rhythm , што ги пустошеше музичките топ листи.
А, Скопје вчеравечер ја имаше честа да ја види и да почувствува како е да се направи перформанс од светски размери. Авалон продукција кој ја донесе, навистина се потруди целиот настан да изгледа спектакл!
Излезе на сцената и направи шоу! На 76 години. Родена е 1948 година. Ни грам целулит, извајано тело со мускули, лице како на 40 годишна, Џонс ја поведе публиката во едно патување низ времето, пресоблекувајќи се неколку пати во авангардни костими специјално правени за неа.
"Сакам ве сите Македонијо", повтори неколку пати и не го криеше воодушевувањето од големиот број присутни. Го даде најдоброто од себе со необични перформанси на кои ја придружуваа скоро 30 играчи.
Настанот колуминираше со нејзината песна I’ve Seen That Face Before (Libertango) (1981), а по неколкуте фантастични креации, се појави во таканаречен костим за капење и пеејќи и играјќи вртеше хулахоп скоро половина час.
*Фото: приватна архива
Играа и се забавуваа сите генерации. Посебно доживување секако.
Еве ја атмосверата преку фото објективот на фотографот Вангел Тануровски:
Н. Толески