Моден фокус // Трендови
Им го украде шоуто на Кејт и Вилијам, вака изгледа денес
Малата деверуша која се прослави со симпатичните гримаси на кралската свадба, со својата невина искреност ги придоби симпатиите на луѓето ширум светот.
Иако свадбата беше величествена, сепак една од асоцијациите која се врзува со овој настан е тогаш тригодишната Грејс Ван Кутсем, која успеа да им го украде моментот на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, осносно славниот бакнеж на балконот на Бакингемската палата.
Токму нејзината реакција од бакнежот на кралскиот пар насмеа многумина, а денес Грејс има десет години и нејзината мајка редовно објавува фотографии од неа на социјалните мрежи.