Им пркоси на годините: Софија Вергара на прагот на шестата деценија во костим за капење
Актерката ги почести следбениците со провокативна фотографија во бикини, а комплиментите на сметка на нејзиниот изглед само пристигнуваа...
Колумбиската актерка Софија Вергара изгледа не старее. Оваа популарна убавица им пркоси на годините во секоја смисла, а нејзиниот совршен изглед никого не остава рамнодушен.
Вергара ги воодушеви следбениците со новата фотографија во костим за капење. Имено, таа позираше во розови бикини пред огледало, а за само неколку часа собра скоро еден милион лајкови и над 6.000 коментари.
Не е шега кога многумина велат дека актерката на прагот на шестата деценија изгледа подобро до своите млади колешки.
Во прв палн е нејзиното бујно деколте, а поради совршените облини и витката половина, на посилниот пол сигурно не му е сеедно.
Бројни јавни личности го искоментираа ова селфи на Софија, а еден од коментарите беше од нејзината имењачка, манекенката Софија Милошевиќ.
Инаку, ѕвездата на „Модерно семејство“, Софија Вергара е на врвот на листата на најплатени актерки на Форбс. Таа заработи неверојатни 43 милиони долари во последните 12 месеци од плати и ангажмани и со самото тоа отиде за едно место погоре од минатата година.