Животна училница // Приказни
Им треба ли ветер во грб на жените од руралните средини за почнување на бизнис?
- 04 Февруари, 2020
Македонските жени кои живеат во руралните средини не се гледаат себеси во претприемачки води.
Ова го покажа истражување направено во Пелагонискиот регион. Анкетирани беа 350 испитаници, мажи и жени, во општините Новаци, Могила, Кривогаштани, Крушево, Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Долнени, во рамки на проектот „Од рурална жена до успешен претприемач, без стереотипи и дискриминација на местото истражување и анализа“. Во текот на анкетирањето жените кажале дека немаат време, финансиски средства, дека се дискриминирани во однос на мажот, отсечени се, и ред други фактори придонесуваат да не размислуваат за свој бизнис.
Целиот текст на Фактор.мк