Има 54 години и е бремена со петто дете

Добивај вести на Viber

Бригит Нилсен, 54-годишна актерка од Данска, која е и поранешна сопруга на Силвестер Сталоне, ја сподели веста  на социјалните мрежи дека е бремена.

Од 2006 година таа е во брак со 39-годишниот Матија Деси. Ова е нејзин петти брак. Контроверзниот модел има четири возрасни сина од кој најголемиот има 34 години.

Бригит стапи во брак со Сталоне во 1985 година. Парот се разведе две години подоцна.

Бригит многупати била во центарот на вниманието поради прекумерното конзумирање алкохол, но и обидите со пластична хирургија да изгледа на иста возраст како сегашниот сопруг.