Има 54 години, изгледа како божица и води живот на кој сите и завидуваат: Позади гламурозниот живот се крие голема трагедија

Добивај вести на Viber

Со младешки изглед, беспрекорна фигура и брендирана облека, педесет и четири годишната Жаклина Беридо Пизано која изгледа како божица, постојано го привлекува вниманието на јавноста и медиумите. Но, нејзиниот живот не е толку лесен како што изгледа на Инстаграм.


Оваа модна блогерка, ја носи и титулата најзгодна баба во Србија, а за неа пишуваше и Дејли Мејл. Таа постојано воодушевува со беспрекорниот моден избор. Но убавиот живот на Жаклин не се  заснова на скапите ткаенини и луксузните патувања. Под совршената фасада се крие неизмерна тага.

Таа на Инстаграм се потпишува како двојна мајка и баба, но не ја крие големата тага по трагичната смрт на нејзиниот син Стефан.

Имено, Жаклина на Божиќ во 2016 година го загуби синот, кој загина во сообраќајна несреќа во Белград. Таа на фотографиите често става хаштаг #rememberstefan, во спомен на Стефан, кого го нарекува свој ангел чувар.

View this post on Instagram

A post shared by Zaklina Pisano (@realfashionist)


-Јас сум мајка на Јана и го загубив моето второ дете, син ми Стефан, кој загина на 23 години во сообраќајна несреќа. Тој беше удрен од автомобил на пешачки премин во Белград во 2016 година. Беше многу болно, тешко, непремостливо. Сега им се посветив на моите внуки, чии слики ги тргнав од сите социјални мрежи, само некои останаа таму каде што не им се гледаат лицата - изјави неодамна Жаклина.

Инаку таа е во брак со Италијанец чиј идентитет вешто го крие од јавноста, а тој иако има свој Инстаграм, наместо името му стои прекарот - „Ме викат господин совршен“. 


Фото: Instagram/realfashionist