Има 70 години и се занимава со бодибилдинг: „Ќе тренирам додека телото и силата не ми откажат“

И покрај тоа што беше најстариот натпреварувач, Рене се пласираше на шестото место во бодибилдинг натпреварувањето

Рене Лендерс (70) од Америка е доказ дека никогаш не е доцна да се посветите на своето здравје. Оваа фит баба почнала да се занимава со бодибилдинг пред неколку години кога за малку ќе завршела во кревет поради операција на долниот дел на 'рбетот.


Како што вели, почнала да тренира пет дена во неделата, а набрзо тренинзите и здравиот начин на живот ѝ станале страст.

Кога ја достигна посакуваната тежина и форма, Рене се пријави на натпревар во бодибилдинг во 2021-ва година.


И покрај тоа што беше најстариот натпреварувач, Рене заврши на шестото место.

- Откако ги добив синот и внуците, тоа беше најдобриот ден во мојот живот - изјави Рене.

Иако има 70 години, Рене вели дека ќе тренира сè додека телото и силата не ѝ откажат.

- Едвај чекам повторно да се натпреварувам. Ова е мојот живот сега и никогаш не сум се чувствувала посреќна – рече таа низ насмевка.

Рене открива дека целосно го променила начинот на исхрана и дека „стомачните се прават во кујната“.

- Можете да вежбате како луди, но ако не се грижите за тоа што јадете, никогаш нема да се промените, ниту физички, ниту психички – советува таа.

Како што вели таа, нејзината цел е да ги поттикне и младите и старите да се грижат за своето здравје.

- Не се ограничувајте. Ако имате здравствени проблеми, одете на лекар, тој ќе ви каже што и колку можете да тренирате. Имате еден живот и обидете се да го живеете што е можно поубаво, подобро и поздраво – заклучи Рене, а пренесува „Метро“.


Извор: ona.telegraf.rs