ИМА ЛИ КРАЈ? Лебот, млекото, месото и јајцата поскапеле над 30 отсто, кафето и слатките само 20 проценти

Цените на прехрамбените производи вртоглаво пораснаа. Трошоците на граѓаните за основни продукти драстично се зголемија. Бројките говорат дека во период од една година цените на сите производи во малопродажба се зголемиле. Граѓаните честопати коментираат оти денеска за истите продукти даваат двојно повеќе пари, отколку пред една година.

Ударот врз ѕебот на граѓаните започна веднаш по воениот конфликт во Украина со растот на цените на маслото. Но, тука не запре „јуришот“, бидејќи во следните месеци посапеа сите производи. Иако лани сончогледовото масло имаше најголемо поскапување, неговата цена постептено се намали, но потоа поскапеа сите хранливи продукти. Од брашното, преку тестенините и лебот, се до јајцата, месото, кафето, шеќерот, оризот, гравот и останатите земјоделски култури.


Деталите читајте ги на Фактор тука.