Има полошо од неверство: Ако вашиот сопруг го прави ова, вие сте несреќна жена!

Верувале или не, но има многу полоши работи од сексуално изневерување на партнерот

5.30 часот. Чувството на нервоза расте. Ги отвораш очите, а во твојата глава мал милион сомнежи... Состаноци, конференции, рокови... Зошто секогаш имаш толку многу работа и толку малку време?

Го земаш телефонот и проверуваш мејлови, повици, пораки, сѐ на пат до тоалетот. Се подготвуваш набрзина, ги земаш клучевите од шкафчето и излегуваш надвор... Седнуваш во кола, се јавуваш на телефон и го започнуваш работниот ден...

Си заборавил НЕШТО.

Една жена остана по тебе во кревет. Не ја ни погледна. Не ни ја галеше, бакнуваше, разбуди... Беше зафатен.

Кога ќе помине првиот бран на напорниот ден, ќе пиеш кафе, ќе го земеш телефонот и ќе ги провериш социјалните мрежи. Ќе ги прелистуваш новостите и настаните од животот на твоите „пријатели“. Повторно нема да се сетиш на неа - жената со која го делиш животот.

На современите односи им недостасува здрав разум.

Луѓето живеат заедно, но тоа не значи ништо. Се гледаат наутро и неколку часа навечер. Разменуваат неколку кратки реченици и погледи преку мобилните телефони. Доколку „навистина се сакате“, преку ден ќе си испраќате виртуелни бакнежи и ќе мислите дека сте „завршиле“ со нежности.

Навикнати сме да мислиме дека лажењето во врска е всушност задолжително и нормално. Но, вистината е дека луѓето престанаа да се сакаат и да се грижат еден за друг.

Штом едниот партнер ќе дознае за неверство, довербата засекогаш се губи.

Се разбира, сексуалното неверство е многу, многу навредлива работа. Но, дали некогаш сте размислиле дека го изневерувате партнерот секој ден? На сите ни недостасува комуникација, внимание, страст, интимност, па дури и најважното – љубов. Недостатокот на внимание прави многу повеќе штета од баналната сексуална прељуба.

Само замисли си: конечно најде личност што можеш да ја сакаш, а сега треба да се бориш за трошка внимание.

Додека седиш, го гледаш како го ажурира профилот, чита коментари, се насмевнуваш на комплиментите што ги доби за неговото најново селфи... И ти прелистуваш Твитер, гледаш на Инстаграм, пред неговите очи поминуваат туѓи сопруги, нивните заводливи лица, а тој тешко може да го погледне твоето...

Дали би ја препознал во еден куп други луѓе? Зошто некогаш не се дотерате и отидете на плоштад како некогаш, па во кафана? Дајте ѝ уште една шанса на љубовта.

Најголемиот љубовен гест денес е да го оставите телефонот на страна и да ја/го погледнете сопругата/сопругот во лице. Прашај: како си?

Дали разбирате една работа: вашата сакана е сè што имате во животот! Затоа, сега е вистинското време да ѝ покажете колку ја сакате, утре може да биде предоцна.

Извор: stil.kurur.rs