Има причина: Зошто жените имаат поизразени нуспојави на вакцина против ковид-19
Научниците од Центарот за превенција и контрола на болести тврдат дека жените имаат посилни несакани ефекти по вакцинацијата во споредба со мажите.
Здравствените работници Шели и Скот Бломгрен беа меѓу првите кои беа вакцинирани против ковид во Америка. По втората доза на „Модернa“, истото попладне стана јасно дека Шели има сосема поинаква реакција на вакцината.
„Тој беше добро, a jас се чувствував како да умирам. „Јас сум прилично силна и ја поднесувам болката, но ова беше страшно“, изјавила Шели Бломгрен за американските медиуми.
Имала болка, треска, замор
Таа вели дека се борела скоро два дена со она што ги нарекува најсилна болка, треска и замор што некогаш го доживеала, додека нејзиниот сопруг отишол на работа и продолжил да се однесува како и обично. По два дена, и таа веќе била добро и постепено заштитена. Симптомите и проблемите што ги опишала таа се чини дека се појавуваат во многу домаќинства во Америка, тврдат експертите.
Според извештајот на Центарот за превенција и контрола на болести, по примањето на првите 13,8 милиони, извештаите велат дека несаканите ефекти се почести кај жените. Дури 79 проценти од пријавените несакани ефекти потекнувале од жени, иако само 61 процент од вакцините биле „потрошени“ на жени.
Резултатите од студијата не се толку загрижувачки за експертите за заразни болести. Тие посочуваат дека посилна реакција кај жените на други вакцини била забележана пред неколку години.
Што е причината?
Експертите претпоставуваат дека кај жени, особено жени во менопауза, нивото на естроген е одговорно за активирање на имунолошкиот одговор за време на вакцинацијата. Мажите имаат повеќе тестостерон, хормон кој може да ја забави и намали реакцијата.
Едноставно кажано, жените имаат поголема веројатност да имаат посилни реакции на вакцината, бидејќи нивното тело е побрзо и посилно кога станува збор за активирање на она што вакцината го носи во организмот.
„Инфективните болести воопшто се секогаш имунолошки одговор, а не грешка“, вели др. Лери Шлезингер, претседател и шеф на Институтот за медицина во Сан Антонио, кој вели дека зад тоа стои многу „наука“. Во минатото, вели тој, многу посилно се следела посилната реакција кај жените кога станува збор за вакцината против грип и други болести.
Шлезингер верува дека естрогенот испраќа сигнали до телото за производство на повеќе Т-клетки, кои нè штитат кога вакцината ќе се претстави во организмот.
Како да се справите со реакцијата?
Предизвик за научниците е како да ги споделат овие информации со јавноста, без да создаваат паника или да влијаат на жените да одбијат вакцинација.
Д-р Вилијам Шафнер, експерт за заразни болести на универзитетот Вандербилт, додава дека ова е феномен што не е проучен доволно, иако е познат подолго време. Таа ги моли жените да разберат дека ова е краткорочен симптом поради кој не смеат да одбиваат вакцинација.
„Ковид-19 е болест што може да донесе сериозни компликации, а вакцината е важна алатка за превенција на болести, но и компликации“, а Шафнер додава дека треба само да се засукаат ракавите и да се оди на вакцинација затоа што вакцините се ефикасни и служат како заштита за секого и осигурување дека животот може да се врати во нормала.
Бломгрен вели дека и покрај реакцијата, никогаш не жалала што се вакцинирала или размислувала да го прескокне редот, пренесува „Ординација.хр“
Фото: freepik.com
Може да ве интересира:
Кардиолог објасни што се случува со срцето кај оние кои прележале Ковид-19