Имала 16 години кога се омажила за 50-годишен холивудски негативец, потоа си вградила огромни гради: Вели дека тоа ѝ го уништило животот, а сега дека е небинарна личност

Старлетата и инфлуенсерка Кортни Стоден неодамна откри дека како тинејџерка била сексуално експлоатирана од нејзиниот поранешен сопруг Даг Хачисон и дека тоа ѝ ја уништило самодовербата, но и дека ја принудило да стави огромни импланти во градите.

Да потсетиме, Кортни имаше само 16 години кога се омажи за тогаш 50-годишниот холивудски актер Даг Хачисон во Лас Вегас во 2011 година, а оваа врска долго време предизвикува големи контроверзии во јавноста. Двојката стави крај на бракот во 2020 година, по што и двајцата беа многу гласни во медиумите, постојано разменуваа навреди и си ја префрлаа вината еден на друг.

Хачисон (61), најпознат по улогата на негативецот во култниот филм „Зелена милја“ истакна дека кариерата му била уништена поради бракот со Стоден, а ги загубил и семејството и пријателите. Тој рече дека можел да претпостави дека разликата од 34 години ќе предизвика реакции во јавноста, но дека е шокиран од тоа што поради тоа му недостигале добри ангажмани.


„Таа имаше 16, а јас 50 и знаев дека тоа ќе привлече внимание, но не сфатив какво влијание навистина ќе има. Не мислев дека менаџерот и агентот ќе ме остават после тоа. Бев на црната листа. Ги изгубив моето семејство и пријателите. Одеднаш бев на Титаник и сите бегаа освен јас и Кортни. Тој исто така истакна дека не верува во концептот на жалење, туку дека би променил некои работи во животот кога би можел. Бракот со Кортни, сепак, не е еден од нив. Не се каам за ништо. Тоа беше прекрасно и моќно патување. Слатко-горчливо патување со Кортни“, изјави тој за Фокс њуз.

Од друга страна, 27-годишната девојка тврдела дека била жртва на вербална злоупотреба и дека во текот на бракот кој траел 10 години континуирано се чувствувала „заробена, изманипулирана и на моменти напуштена од сите“.

Таа неодамна проговори и за тоа дека овој брак целосно ѝ ја уништил самодовербата. Таа истакна дека нејзиното медиумско покривање и етикетите како „дете невеста“ и „кучка“ влијаело на тоа како таа го перципира своето тело.

„Бев многу несигурна тинејџерка. Постојано водев ужасни разговори со себе, размислувајќи негативно. Фактот што ме посрамотија со имиња како „дроља“ само ми ја влоши несигурноста“, рече таа, додавајќи дека гледањето фотографии од папараци направило таа да се „мрази себеси“.


„Бев толку скршена што ја анализирав секоја педа од моето тело, а тоа доведе до развој на телесна дисморфија“, изјави таа за Yahoo Life.

Кортни неодамна гостуваше во подкастот „Call Her Daddy“, потсетувајќи се колку била „скаменета“ кога првпат се соблекла пред нејзиниот поранешен сопруг, од страв дека нема да му се допадне нејзиното тинејџерско, сè уште неразвиено тело.

Таа признала и дека на денот на нивната венчавка носела градник исполнет со перници за да ѝ изгледаат поголеми градите: „Сакав да бидам како Памела Андерсон. Таа беше ултимативна жена. Мислам дека тоа беше слика во мојата глава, со која сакав на сите да покажам како би ги надминала сопствените несигурности“.

Стоден била мотивирана од желбата повеќе да личи на жената која му била потребна на Хачинсон кога поставила силикони на 18-годишна возраст. „Ги зголемив градите затоа што имав детско тело, а мојата лична ситуација, зад затворени врати, како и мојата тогашна кариера, бараше да ја откријам таа отворена сексуална слика за себе што не можев да ја исполнам претходно.


Сепак, таа призна дека Хачинсон бил против таа операција.

Впрочем, имплантите не го променија тоа колку таа се мрази себеси и својот изглед, а денес смета дека овој презир е резултат на „токсичната ситуација“ во која се наоѓала.

Минатата година оваа русокоса се прогласи за небинарна личност, а вели дека тоа ѝ помогнало да ги залечи раните предизвикани од сексуализацијата уште од најмала возраст. Таа, исто така, редовно ги споделува своите фотографии на социјалните мрежи без шминка и филтри за да научи како да ја врати својата самодоверба.

„Учам да ја надминам сексуалната траума, фактот дека со години ми го перат мозокот, дека моето тело е најмоќното нешто што го имам како жена“, заклучила таа.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Профимедиа