ИМАЛА КОМОРБИДИТЕТИ, НЕ БИЛА ВАКЦИНИРАНА, ПОЧИНАЛА НА САМИОТ ПРИЕМ ВО БОЛНИЦА - 36 годишна жена нова жртва на ковид во Тетово

Добивај вести на Viber

Десет пациенти починаа од Ковид-19 во тетовската болница меѓу кои и триесет и шестгодишна жена, дознава Слободен печат.

„Ни еден од починатите не бил вакциниран и сите биле со коморбидитети, односно придружни болести. Нема подобрување, многу пациенти бараат прием и преглед. Имаме 120 хоспитализирани, со прва доза се вакцинирани девет, а со втора три пациенти. Починати за жал имавме многу, десетмина и сите невакцинирани и со пропратни болести. Почина жена која беше донесена во многу тешка состојба при прием и почина во текот на приемот. Тоа е многу млада жена, под 40 години“, истакна раководителот на ковид-одделението доктор Гзим Нуредини.

Деталите читајте ги на Фактор тука.