Имам 97 години и не се давам: Пјер Карден подготвен за нови предизвици

Добивај вести на Viber

Иако на 2 јули ќе наполни 97 години, францускиот моден дизајнер Пјер Карден изјави дека уште нема да се повлече, и дека ова лето ќе биде домаќин на 19. уметнички фестивал кој го основа во дворецот Лакост на југот на Франција.

Фестивалот е во негова сопстност и е посветен на тетарот, музиката и балетот. 

„Како што гледате, тука сум“, рекол низ насмевка Карден во интетвјуот за „Франц прес“. Тој додал дека е изморен и затоа не оди секој ден во своето атеље во Париз, но нагласил дека продолжува да црта и да креира.

Дизaјнерот во 1946 година почна да работи во „Диор“ и тој најмногу придонесе за познатиот повоен „нов изглед“. Својата модна куќа ја отворил во 1949 година. Познат како одлилчен бизнисмен, својата империја ја проширил ширум светот. 

Пјер Карден е најстариот моден дизајнер на светот.