Имам брендирани парчиња, но преферирам сѐ што ми се допаѓа и е добро: За стилот со Мартина Раички

Добивај вести на Viber

„Стилот е начин на сопствено изразување - изразување по кое се разликуваме од другите во било која сфера од животот“, вака го започнува своето интервју за Женски магазин младата надежна модна дизајнерка Мартина Раички, која води и семеен бизнис за трговија со текстил во Велес.

Како што ни истакна таа им помага на клиентите при изборот на парчето гардероба, но и при набавката и продажбата на парчињата облека. А секое слободно време го користи за креирање и создавање на нови уникатни модели.

Во оваа прилика Раички зборува за стилот и истакнува дека кога станува збор за мода  се пронаоѓа во хедонизмот, а за останати работи од секојдневниот живот се пронаоѓа и во минимализмот.

* Дефиниција за стил?

- Мое лично согледување за дефиниција на стил е начинот на сопствено изразување, односно изразување по кое се разликуваме од другите во било која сфера од животот.

* А, вие стилски се дефинирате како... 

- Смела и одлучна. 

* Што  е пресудно за добар стил?

- За добар стил за мене пресудно е умешност и креативност.

* Комбинирате елегантно со спортско или сте камелеон во облекувањето?

- Се зависи од пригодата. Понекогаш сум камелеон во облекувањето но често знам да комбинирам елегантно со спортско. 

* Минимализам, хедонизам, авангарда?

- Ако станува збор за мода ќе се пронајдам во хедонизмот, а за останати работи од секојдневниот живот се пронаоѓам и во минимализмот.

* Гламур или класика?

- Гламур, секогаш! 

* Омилени нешта од вашата облека?

- Фармерки, кошули, кожени панталони, кожени палта, бунди и капути... Доколку почнам да набројувам нема да можам да престанам, секогаш сакам да бидам ин било да е спортско или искомбинирано со елегантно.

* Дали практикувате брендирана облека или не ви е пресудна етикетата?

- Секако дека имам брендирани парчиња на облека, но преферирам се‘ што ми се допаѓа и е добро. Не мора да биде познат бренд, туку да е со добар квалитет. 

* Што сакате да постигнете со вашиот стил?

- Препознатливост.

* Дали ако сте автентична, тоа значи и осудување од нашава средина?

- Не, нема причина зошто некој би ме осудувал. Тоа е мој личен став. Секој има право на лично размислување. 

* На кој дизајнер би му дозволиле да ви го преуреди гардероберот?

- Прво на мојата мајка(се смее), втора Donatella Versace.

* Што облекувате денски, а што навечер?

- Денски преферирам добра панталона, фармерка искомбинирана со блуза и секако палто, мантил, капут во зависност од сезоната. Навечер ја преферирам спортската елеганција на темни тонови искомбинирани со добар накит. 

* Дали експериментирате со косата и шминката?

Да експериментирам, но не премногу. Знам да сменам боја на коса, должина, а шминката секогаш ја прилагодувам според гардеробата и пригодата.

* Ваши трикови за брз, но ефективен изглед.

- Едноставен фустан збогатен со добар накит и добра штикла.


Н. Миланова

Фото: Приватна архива