Имаме решение во случај на вонредна ситуација: Соблечете го градникот

Д-р Елена Боднар минатата година ја освои сатиричната награда „Ignoble“ за нејзиниот изум на градник за итни случаи. Оваа награда се доделува за пронајдоци кои на прв поглед изгледаат глупо, но честопати се изненадувачки практични. Сега Боднар го стави својот е-градник достапен за јавноста, може да се нарача преку Интернет за дури 29,95 долари, пренесува „Фокс њуз“.

- Предмет на овој пронајдок за итни случаи поврзани со дишењето е цврсто да се фиксира и целосно да се покријат респираторните органи. За среќа, дизајнот на градникот е веќе во форма на маска за лице, така што со неколку идејни решенија, „Emergency Bra“ во вонредни состојби максимално го спречува поминувањето на загадениот воздух- се наведува во објаснението.

Боднар е по потекло од Украина и сега живее во Чикаго. Таа ја започна својата медицинска кариера проучувајќи ги ефектите од нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година. Ако луѓето имаа ефтини и прифатливи маски за гас во првите неколку часа по ударот, вели таа, тие би можеле да избегнат вдишување на јод-131, што предизвикува болести како резултат на зрачење.

Градникот што се претвора во гасна маска би можел да биде корисен и за време на терористичките напади од 11-ти септември, како и за жените кои се најдоа во песочната бура што неодамна го погоди Сиднеј, рече таа.

- Мора да бидете подготвени во секое време, на секое место и буквално секоја жена носи градник. Нејзиниот патент изгледа убаво и не се разликува од конвенционалниот градник- додава таа.