Имаше само 30 години: Почина фолк пејачот Емрах Мехмеди
Тага и болка, пишуваат неговите колеги.
Дел од естрадните уметници велат дека денеска ќе биде тажен ден, нема да се објавува ниту едно видео, во знак на поддршка на нивниот колега и брат, Емрах Мехмеди.
Колегите жалат за младиот Емрах. На неговиот фејсбук профил можат да се забележат бројни изразувања на сочуство.
„Жировница, Македонија, остана без големата насмевка на овој добар човек“, пишуваат дел од неговите познаници.
Трагедијата во Дебар се случи вчера, кога и почина фолк пејачот Емрах Мехмеди.
Според сознанијата на медиумите, Емрах животот го изгубил во несреќен случај, паѓајки од скеле.
Емрах важеше за млад и надежен пејач, имал големи планови во неговата кариера, кои за жал останаа нереализирани. Зад него остави мали дечиња и сопруга.
Имаше само 30 години.
Изразуваме длабоко жалење и сочувство за трагично загинатиот Емрах.