Имав потреба да ја посетам црквата: Емотивни сеќавања на Слобода Миќаловиќ

Добивај вести на Viber

Слобода Миќаловиќ снимила серија во родниот град, а по тој повод посетила драги места кои ја вратиле во детството.

Познатата актерка Слобода Миќалвиќ неодамна ја воодушеви јавноста со своите модни избори поради кои изгледа како Моника Белучи со која често ја споредуваат.

Слобода е една од најубавите српски актерки, а нејзиниот пат до успехот бил полн со жртви. Уште како млада девојка, кога имала 18 години од родниот Лесковац, отишла во Белград со јасна цел пред себе, да успее. Голема поддршка добила од нејзината тетка Верица Ракочевиќ.

„Бев сосема сама, имав само 18 години, но си реков сега ќе се бориш. Секако, тука ја имав тетка ми Верица, таа секогаш беше тука за мене, но не сакав баш да се потпирам на неа, сепак таа беше жена која имаше планина од обврски околу својата работа и децата.Сакав се' да создадам сама“, изјави актерката еднаш.

Покрај големиот деловен успех што го постигна, Слобода постигна успех и како сопруга и мајка. Таа истакна дека ретко оди во родниот град, бидјеќи таму веќе нема никој свој.


„Одамна не живеам во Лесковац, не сум го посетила во последните неколку години бидејќи веќе немам никого таму. Ми требаше малку време да се навикнам да престојувам во хотел. Прво не можев да сфатам дека сум во Лесковац, имав впечаток дека сум во друг град... Луѓето се сменија, цела генерација си замина, дојдоа нови деца“, изјави актерката за „Глорија“.

За време на снимањето на серијата во родниот крај, Слобода имала можност да посети драги места кои ја вратиле во детството и ја потсетиле на некои убави работи кои ѝ се случиле во животот.


„Бев на места каде што се случуваа некои важни работи во мојот живот... На пример, снимавме во црквата каде што се крстевме јас и сестра ми Драгана и каде што секој викенд го поминувавме со родителите. Снимавме и на други места кои длабоко ме враќаат во безгрижен период од мојот живот. Моите пријатели се претежно во Европа, повремено се среќаваме „таму долу““, изјави актерката.


„Беше прекрасно што за дваесетте дена поминати на снимањето ги посетив сите оние драги места на кои одамна не сум била. Имав потреба да ја посетам црквата во која ме крстија моите родители. Ја посетив околината, каде што моите родители не' носеа со сестрите на патувања и викенди. Трогателно е кога повторно се враќаш на местото од каде си почнал, и успеал да направиш нешто, онака како што си планирал“, рече Слобода.

извор:stil.kurir

Во дворот на црквата за Велигден: До денес вешто ги криеше - Слобода Миќаловиќ конечно ги покажа ќерките Мила и Вера


Слобода Миќаловиќ објави фотографија со мајка си и сестрите: Открија „голема семејна тајна“