Името е чиста случајност: Горан Папаз за настапот пред Папата Франциск

Добивај вести на Viber

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, денеска е во посета на нашиот главен град Скопје. 

Петнаесет илјади граѓани на плоштадот „Македонија“ ќе ја слушаат мисата, а доколку временските прилики дозволат, папата ќе се движи со папамобил од Спомен куќата на Мајка Тереза до плоштадот и до црквата „Пресвето срце Исусово“.

Музичарот Горан Папаз ќе биде специјален гостин и ќе настапи пред Папата Франциск.

- Желбата да бидам јас беше на Католичка црква, добив повик кој со задоволство го прифатив. Тоа што сум Папаз и на турски и грчки јазик значи свештено лице, е чиста случајност- раскажа Папаз за Женски Магазин.

Папаз интензивно работи на заедничкиот проект со Танче Гроздановски насловен „Елегија"

Освен регуларни проверки поради сигурносни мерки, немало ниту посебен протокол, ниту специјални проби, само нормални и обични подготовки и заеднички проби на песните во самата дворана.

На настанот што ќе биде во дворот од Католичката црква, „Пресвето Срце Исусово" после 14:30 часот, каде папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите, Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група „Агапе" и ќе се претстави со три песни.

- Ќе изведам три композиции во кои имам соло, а се пее за постоењето на Господ. Песните звучат како класични поп хитови- вели тој.

Музичарот кој горд сопруг и татко, открива дека со нетрпение го исчекува денешниот настап и е многу возбуден и среќен за истиот.

Д.Караташова