Имлек Протеин поддржувач на повеќе од десет трки и поттикнувач на спортски активности

Добивај вести на Viber

Со последните две трки, Имлек Протеин ја завршува низата спортски настани каде безрезервно даде своја поддршка, од зони за одмор и навивање до снабдување на учесниците и публиката со дневна доза протеин.

Брендот Имлек Протеин помогна во одржување на уште два спортски настани изминатиов период, трката на 5 и 10 километри во Кичево, што воедно е и прва атлетска трка во градот и November Run Гевгелија, трка што веќе има традиција во јужниот град и се одржа по трет пат.

Поддршката на овие трки доаѓа по успешно спроведените спортски настани во повеќе градови низ Македонија каде Имлек Протеин беше во улоги на поддржувач, партнер и спонзор. Па така, годината измина во спортски дух, почнувајќи од „Скопје трча” и „Охрид Ултра треил” во мај, „Охрид трчат” и првата женска трка во Битола „Биди своја” во јуни, Виз Ер маратонот во Скопје, „KRun 2023” во Кичево во октомври и November Run Гевгелија.

Имлек Протеин беше присутен на овие настани преку спортски зони за сите присутни, оние кои се натпреваруваат и оние кои дојдоа да ги бодрат. Спортските зони на Имлек беа вистинско место за забава и релаксирање, но и шанса каде тркачите можеа да здивнат и да си ја обноват енергијата и да добијат подароци. Посетителите се натпреваруваа во забавни игри како „Тркало на среќата” и „Колку високо можеш да допреш”, а енергетскиот „буст” се добиваше од препорачаните дози протеински шејк Имлек Протеин. Освен спортските зони, на настаните во текот на целата година можеа да се пробаат производи на Имлек Протеин, а вработените во Бимилк дадоа пример и со земање учество во трките.

Со присуството на Имлек Протеин на вакви настани се потсети на исклучителното значење на снабдувањето на телото со протеини кои се потребни за градење и регенерирање на ткивата по завршување на спортска активност. Конкретно по трчање, мускулите се исцрпени, па неопходно е да се внесе доволна доза протеин како основа за градење здрава мускулна маса.

Препораката на Имлек Протеин за спортисти и рекреативци произлегува од тоа што не содржи додаден шеќер или лактоза, а процентот на млечни масти изнесува само 0,1%. Со консумирање на Имлек Протеин 300мл се добива загарантирана доза од 30 грама 100% чист млечен протеин. Достапен е како шејк во три различни вкуса: чоколадо, ванила и јагода, и Имлек Протеин чоколада во пакување од 500 мл, но и како пудинг во три варијанти: чоколадо, ванила и солена карамела.

Имлек Протеин беше омилен протеински пијалак на вкупно 11 спортски случувања оваа година. Брендот продолжува со поддршката на здравите навики и со нетрпение ја очекува следната прилика за забавна и едукативна дружба со сите спортисти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици и остварување лични цели.