Имлек протеин со моќна поддршка на учесничките на ноќната трка „Биди своја” во Битола

Добивај вести на Viber

Саботната вечер Битола го имаше второто издание на ноќната атлетско женска трка „Биди своја”. Ова година учествуваа 350 рекреативни и професионални спортистки, кои се натпреваруваа во трка од должина од 5км. И оваа година Имлек протеинските шејкови им ја обезбедија енергетската моќ на дофат на сите учеснички кои беа дел од трката за да ја надополнат својата енергија и да им овозможи да бидат свои  и кога станува збор за атлетските перформанси.

Спортската зоната на Имлек Протеин беше центар на активност и возбуда, со интерактивни фитнес предизвици како скок во височина, балансирање и фитнес предизвици со пилатес топка, многу подароци и совети. Место каде имаше одлична забава, еуфорична поддршка за секој од учесниците на трката и каде беше понудена енергетска поддршка и неопходна доза протеини со протеинските шејкови Имлек Протеин за одржување на спортските перформанси на високо ниво и енергија, за сите кои беа дел од овој незаборавен спортски настан. Многу дружење и споделување искуства и заедничка страст за спортот и здравјето. Секоја учесничка на трката доби финиш медал, спомен за трката „Биди своја” и симбол за личното достигнување, со натпис „Имлек протеин“, славејќи ги уникатните вкусови што ја направија трката уште понезаборавна.

Годинешните новини вклучуваа заедничка активност на Имлек Протеин и центарот за убавина „Виола” со дружење и забава со тркало на среќата и бројни подароци.

Протеините се од суштинско значење и нивниот правилен и редовен внес игра клучна улога за поддршка на регенерацијата, обновувањето и растот на мускулите. Имлек Протеин шејковите обезбедуваат практично решение за да ги задоволат вашите дневни потреби за протеини.  Имлек  Протеин не содржи додаден шеќер и лактоза, а млечните масти сочинуваат само 0,1%. Порција од 300 мл протеински шејк Имлек гарантира 30 грама 100% чист млечен протеин. Достапен во три вкуса: чоколадо, ванила и јагода. Имлек исто така нуди и протеински пудинг во четири вкуса на чоколадо, банана, солена карамела и ванила.

Имлек Протеин и протеинските пудинзи нудат вкусен и хранлив начин да ги подобрите вашите фитнес цели. Содржат чист млечен протеин, идеални се за освежување и  надополнување на енергија пред или после интензивни тренинзи, помагајќи за обновување и раст на мускулите со секоја голтка и залак.

Токму заради ваквата хранлива вредност и состав, Имлек протеин беше омилениот пијалак на сите поголеми трки минатата година каде ја даде својата поддршка. Оваа година продолжува со поддршката и секако забава за сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици.