Имунологот Попадиќ: „Синофарм“ создава послаб имунитет, природниот е добар ама цената без вакцина е превисока
Професорот по имунологија Душан Попадиќ денеска за РТС изјави дека вакцините што се достапни по имунизацијата дале малку повисока концентрација на антитела за разлика од кај луѓето кои го прележале вирусот. Во Србија веќе се зборува дека е важно да се добие четврта доза против вакцината. Попадиќ веќе има примено трета доза но вели дека поради недисциплината на граѓаните се доживува значаен пик на вирусот во четвртиот бран.
- Не чека тешка есен, ова започна порано отколку што можев да претпоставам и ќе продолжи до зимата - вели Попадиќ.
Цитораше студија за вакцинацијата која била направена во Бахреин каде се аплицираат и Синофарм, Спутник, АстраЗенека и Фајзер. Таа студија покажала дека иновативните вакцини и вакцините „Фајзер“ обезбедуваат подобра заштита за разлика од оние кои примиле две дози од инактивираната вакцина „Синофарм“.
Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк