Индиски хороскоп за МАРТ: Четири знаци ги чека беспарица, а еден да се чува во сообраќајот

Добивај вести на Viber

Индискиот хороскоп за март 2023 година носи неволја за четири знаци на Зодијакот

Индиските астролози велат дека втората половина на јуни ќе помине без поголеми проблеми кај повеќето знаци, но четири ќе поминат како „боси по трње“. Откријте кој знак сте во индискиот хороскоп и дали сте меѓу овие најнесреќни знаци.

Овен/Бик (Меша) 14 април - 14 мај

Во втората половина на март родените во овој знак ќе треба да направат големи промени. Сепак, тие не треба да носат избрзани одлуки. Ситуацијата на работа ќе биде хаотична, понекогаш дури и стресна. Астролозите советуваат да не влегувате во непотребни расправии и да ги држите емоциите под контрола. Покрај тоа, постои голем ризик од сообраќајни несреќи, па затоа е подобро да не седнувате во автомобил и да го управувате кога се лути и нервозни. И покрај стабилните примања, нема да се чувствувате „удобно“ со пари бидејќи ќе имате големи трошоци.

Бик/Близнаци (Вришаба) 15 мај - 14 јуни

Од 15 март припадниците на овој знак ќе се соочат со голем стрес. Оние кои патувале со надеж дека ќе ги остават своите проблеми, згрешиле. Сите неволји ги чекаат кога ќе се вратат и нема да имаат друг избор освен да ги решат. Долгогодишните непријатели на овој знак ќе дадат се од себе за да им го загорчат животот. Со многу труд и трпение ќе успеат да излезат од неволја како победници.

Јарец/Водолија (Макара) 15 јануари - 12 февруари

За претставниците на овој знак цел март ќе биде тензичен, а нервите ќе им бидат истегнати до крај. Ќе мора да донесат многу одлуки, а главата нема да им биде „на место“. Голема е веројатноста да „пресечат“ нешто во гнев и тоа да им се врати како бумеранг. Астролозите го советуваат овој знак да не ја префрла работата на другите и да не си дозволува да биде мрзелив. Можно е патување во странство, но ниту тоа нема да им донесе мир.

Водолија/Риби (Кумба) 13 февруари - 14 март

Сите избори што ќе ги направите во втората половина на март нема да ги донесат очекуваните резултати. Поради постојан стрес, можни се проблеми со спиењето, што пак уште повеќе ќе ја зголеми нервозата. Претставниците на овој знак се во маѓепсан круг и не знаат како да „се изборат“. Овие проблеми се поврзани со работа, службени патувања и секој проект поврзан со странство. Нивните трошоци ќе бидат огромни кон крајот на март и ќе биде чудо ако го преживеат месецот без кредит.