Индивидуално животно осигурување: Новогодишен подарок што може да трае целиот живот
Размислувате што да им подарите на вашите
најблиски за новогодишните празници? Играчки, подарок-ваучери, облека, накит, а и
најновите технолошки уреди можеби се на вашата листа за купување - но што е со подарување
нешто што е надвор од конвенционалната рамка за подароци? Вашето семејство и
пријателите сигурно ќе добијат предмети што овозможуваат дополнителна радост и
еуфорија за празниците, но можете да им покажете како да го прослават
најубавиот период од годината со највредниот подарок, којшто нема да го пронајдете
ниту во една продавница.
Празниците се време за уживање во љубовта и радоста со најблиските, а кога ќе се собере целото семејство околу елката за Нова година, таквите моменти посакувате да траат вечно. Токму поради тоа изберете го новогодишниот подарок за животно осигурување, кој може да трае во текот на целиот живот. За разлика од кој било друг подарок, вредноста на животното осигурување продолжува да расте со текот на времето. Инвестицијата што би ја направивиле ќе трае со генерации создавајќи живо наследство кое ќе акумулира парична вредност со секоја измината година.
Бидете чекор пред изненадувањата што ги носи животот и за овие празници подарете љубов и сигурност. Како лидер во сегментот на животното осигурување во земјава, компанијата „Кроација осигурување-живот“ го нуди производот Индивидуално животно осигурување- комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност, како и осигурување и е целосно приспособлив на индивидуалните потреби.
Овој вид животно осигурување е временски и просторно неограничен, обезбедува загарантирана исплата на средствата по истекот на договорениот рок, финансиска сигурност за вас и вашето семејство, можност за создавање капитал за вашите идни планови, брза исплата на осигурената сума при настанување осигурен случајили пак капитал за кога ќе се намалат приходите, особено по одењето во пензија. Осигуреници можат да бидат лица од 14 до 65 години, а траењето на осигурувањето е од 10 до 25 години. Премијата може да се уплаќа месечно, квартално, полугодишно и годишно, минималната годишна премија е 180 евра, а се нуди и можност за договарање пензиска рента.
Кај овој вид осигурување постои и можност за вклучување дополнителни осигурувања, како од незгода, дополнително Ризико-осигурување или дополнително здравствено осигурување од тешки болести, од малигни болести, или во случај на оперативни зафати. Полисата може да вклучува и дополнително осигурување за ослободување од плаќање премија во случај на траен инвалидитет или неспособност за работа, а опфаќа и осигурително покритие на ризикот од смрт на осигуреникот предизвикан од ковид-19.
Инвестирањето во овој производ е една од најмалку ризичните инвестиции. Затоа и со право се смета дека животното осигурување е мудра одлука. Да ја донесеме навреме, со цел подобро да се заштитиме себеси и своите најблиски.
ПР објава