Инфлуенсерка откри колку чини породување во Америка: Го наплаќаат и контактот кожа на кожа

Сметката за нејзиното породување изнесува 27.200 евра...

Познато е дека породувањето во приватните болници се наплаќа, а дека во државните болници е бесплатно. Жените кои се одлучуваат да се породуваат во приватна болница, тоа најчесто го прават поради чувството на сигурност и третманот.

Една од тие жени и Џени Мукенди од Америка, која неодамна на свет донесе преслатко девојче.

Имено, новопечената мајка и инфлуенсерка на социјалните мрежи објави колку ја чинело породувањето. Иако дел од трошоците бил покриен од осигурувањето, многумина ги изненадило тоа што сметката за нејзиното породување изнесувала 27.200 евра.

Според нејзините пресметки, во трошокот е вклучена и болничката соба - 3.600 евра, епидуралната анестезија - 16.200 евра, храната - 160 евра, а контактот кожа на кожа со нејзиното бебе чинел дури 3.000 евра.

„Имам рок од 30 дена да го платам сето ова“ - нагласи таа.

Со ова предизвика бројни коментари, а многумина ѝ предложија да си земе адвокат и да провери дали болницата ја измамила.

„Ова е лудо. Мислам дека мојот сопруг би ја растурил болницата. Види ти со адвокат дали тука е сѐ во ред“ - ѝ напиша една жена, а друга додаде:

„Наплатувањето на контактот кожа на кожа е најтажната работа која некогаш сум ја слушнала, со оглед на сите придобивки што ги има за детето.“

фото: Принтскрин / Инстаграм