Инстаграм не е реалност, никој не е совршен: Јелена Спенџарска искрена

Добивај вести на Viber

Водителката Јелена Спенџарска на својот Инстаграм профил напиша искрено што мисли за социјалните мрежи и нивното влијание врз публиката. Таа ги советуваше сите дека она што го гледаат не е реалност и никој не е совршен.

„Гледаш нечии слики на инста и си велиш – ‘ Сакам да сум на нејзино место, преубава е, има се, животот и е совршен’.... ама не сфаќаш дека тие слики не се реалност. Инстаграм и останатите друштвени мрежи НЕ СЕ РЕАЛНОСТ. Секој е среќен и има преубав живот на инста, но верувај никој нема совршено тело,совршено лице, совршена врска... секој има мани и тоа е многу нормално. Немој да си дозволиш да те залаже некоја која нема ни грам целулит или кристално чисто лице. Личноста за која ти мислиш дека го живее животот од соништата, истото го мисли за некоја друга, а таа некоја друга за некоја трета и се така....
Те молам, немој да го поминеш својот живот гледајќи ги другите луѓе како ‘идеално’ живеат. Ако имаш покрив над главата, ако имаш што да јадеш, имаш се што ти треба. Плус на тоа ако имаш и некоја личност која те сака и ја сакаш, е тоа ти е вистинска среќа.“