Интересна е љубовта

Добивај вести на Viber

  Сакав да ја отворам мојата мала, напатена душа и да го види целиот бигор што ми се насобрал околу. Но, решив да премолчам и почнав да глумам вешто: „Мама Елена не си во право. Го сакам Стив и мене ми се насобраа многу настани. Знаеш дека ни требаат многу пари и болничкото лекување на Стив ќе нè чини многу пари, а дополнително и судењево треба да се помине. Случајно испадна да потпишам манекенски договор и зошто да не прифатам? Овде сум сама во туѓина и ќе работам и ќе запознавам многу луѓе“. Мама Елена само се издиша на свој сопствен начин и додадов: „Ајде мама Елена, да си легнеме. Утре нè чека нов ден. Имам курсеви, а потоа ќе одиме на посета кај Стив“.

  Ми беше жал за мама Елена. Таа единствено ме сфаќаше. Но, што можев да правам? Една птица изгубена, со скршени крилја мора да почека да зараснат нејзините крилја за да почне да лета високо и да се грижи прво за себе, а потоа да им помага и на другите. Вечерта долго не можев да заспијам. Кога заспав, сонував како нè има со Габриел на насловна страница во таа секси поза и како мама Елена ми го фрла списанието пред нозе и сака да си заминам.

  Ме разбуди гласот на мама Елена: „Вики, ајде касниш за на курс“. Бев среќна што тоа беше само сон. Станав, се облеков и заминав на курс. Го сретнав Кико. Малку му беше непријатно, но ми кажа дека решиле да бидат заедно со жена му поради децата. Мене по ова со Габриел, Кико би ми бил товар. Се израдува од срце за манекенскиот договор, а јас не му споменав ништо за интимната средба со Габриел. И онака може ќе се дознае. Седев со него, пиевме кафе додека дојде Елена со Кире за да ме земат да продолжиме в болница. Стив се израдува кога нè виде. Беше расположен, се шегуваше со нас и се смееше. Рече лекарите биле задоволни од неговото закрепнување. Сите пријатели што го посетувале му давале поддршка да истрае овој пат.

  Лекарите му кажале дека за скоро време ќе го пуштат дома, а потоа лекарите му препорачале да оди на бањско лекување. „Вики, ќе дојдеш и ти со мене. Ќе имаме таму меден месец“. Во исто време, мама Елена разговараше со медицинската сестра и само климнав со главата, не сакав да ме слушне мама Елена бидејќи го премолчав манекенскиот договор.

  Поседовме доста време кај Стив. Покасно дојдоа брат ѝ на Леа Перо и снаата Љупка. Тие од врата беа пресреќни бидејќи Леа малку се разбудила од кома. Го слушала гласот на Перо и ги отворила очите. Не можела уште да разговара, но битно е што се разбудила и го препознала Перо. Рекоа дека ако биде се во ред, лекарите ќе дозволиле со нив да ја земат назад – дома. Ќе треба многу време, можеби никогаш нема да може да се опорави, но дома при своите ќе и биде подобро за разлика од овде – в туѓина. Кој би се грижел за неа? Исто, Перо ѝ се обрати на Елена: „Многу сме ви благодарни за се што направивте за нас. Леа е проблематична, но цената што ја плаќа е превисока. Можеби животот ќе ѝ даде втора шанса“. На Перо му потекоа солзи, а Елена му се придружи. Љупка со повисок тон им се обрати: „Аман, не плачете, Леа се разбуди од кома, Стив е добар! На сите ни е тешко! Јас само климав неодредено бидејќи сè уште бев под импресии од минатата ноќ.

  Го држев мобилниот во надеж дека ќе добијам повик иако не очекував повик. Размислував, за него беше едноноќна авантура, а јас млада и во екот на младоста сакав забава и настани. Кога се поздравувавме со Стив, ми заѕвони мобилниот, но за среќа, во тој момент, ми се испразни батеријата и ми се исклучи мобилниот. Стив веднаш праша кој ѕвонел, но јас подготвено реков: „Не знам, ми се испразни батеријата од мобилниот“.

  Дојдовме дома. Јас се качив горе и го ставив мобилниот да се полни. Го вклучив и видов. Габриел ме барал. Заѕвонив. Се јави Габриел. Почна да ми објаснува за сношти. Јас го слушав. Потоа, ме праша: „Вики, како си ти? Да не имаше некој проблем?“ Ова ми требаше. Некој да ме праша дали сум добро. Некогаш е залудно прашањето, но грижата, љубовта и почитта е голема.

  Му се заблагодарив и тој продолжи: „Среќен сум. Пресреќен. Кога мислев дека е крај, налетав на тебе, убава девојко. Не можам да те извадам од мислите со твојата ангелска убавина. Те обожувам. Твоето прекрасно лице, твоите тврди гради. Не знаев дека ќе ми го разубавиш животот. Сакам да лежиш овде на подот, под мојата маса. Јас ги грицкам твоите прекрасни гради и со прстите одам надолу, ги соблекувам твоите мали танга-гаќички, кои ме предизвикуваат, но сакам да те почувствувам гола. Ти ги ширам полека нозете и ти ги лижам бутините полека, нежно за да дојдам до твојата преубава пичка“.

  Чувствував како да ме хипнотизира. Колената ми се стресоа, се парализирав и морав да легнам на спалната. Се наежив и брадавиците ми станаа тврди, а пичката влажна и мокра.

  Габриел продолжи: „Ме мами твоето лице, твоето тело. Сакам да ми го масираш моето тело со некое убаво етерично масло. Ги чувствувам твоите нежни раце кои ми ги масираат рамената и грбот. Твоите усни ми го гризат едното, па другото уво додека јас ги отварам твоите срамни усни и влегувам со јазикот во твојата врела пичка. Со рацете, ти го масирам твојот мек клиторис. Лижам низ клиторисот надолу и се задржувам и го лижам твојот убав анус. Ти гориш од желба да влезам во тебе. А, ти убавино моја, со твоите меки раце одиш накај мојот сладок кур. Го лижеш моето меко главче од кое се слива течност, а потоа ги гризеш моите јајца ги за да ми дојде волјата за секс. Сакам твоето тело да биде под моето. Кога мојот кур ќе се подигне, го ставам во твојата врела пичка и влегувам и излегувам во тебе сè додека нè почнеме двајцата заедно да танцуваме во ритамот од сексот. Обајцата свршуваме во една заедничка воздишка“.

  Габриел почна да стенка од таму, а јас бев целата мокра. Како да беше ме фатила некоја магија, не сакав да се мрднам за да не го пропуштам овој драгоцен миг.

  По некоја воздишка се слушаше од другата страна на линијата. Го затворив мобилниот, станав и отидов да се избањам. Заѕвони мобилниот. Габриел веќе се смирил и ми рече: „Мила, се гледаме овие денови“. Јас бев под импресии и го прашав: „каде?“ Од другата страна на мобилниот слушнав искрено смеење: „На снимање“.

ТУЃИНКА