Интернетот дивее поради ново видео од Меланија и Доналд Трамп: Нејзиниот израз на лицето е непроценлив (ВИДЕО)

Трамп веќе не го гледаме толку често во јавноста, но неодамна познатите сопружници изненадија појавувајќи се на бејзбол натпревар во Атланта. Ова е нивно прво заедничко појавување од април годинава.

Како и обично, Меланија изгледаше феноменално - воодушеви во скап беж капут со копчиња во два реда.

Овој капут, инаку класика во женската гардероба, го краси и ремен со кој убавата Словенка го истакна својот тенок струк. Но, овој пат модното издание на Мелани не беше во фокусот. Имено, корисниците на Интернет полудеа поради една дискутабилна, иако забавна сцена, која потсети на турбулентната врска меѓу Доналд и Меланија Трамп.

Поранешната прва дама нè навикна на необични реакции и изрази на лицето во присуство на нејзиниот сопруг, па овој пат беше „фатена“ во моментот кога на нејзиното лице се забележа чуден израз на емоции.

Имено, на видеото од вчерашната игра се гледа како Меланија аплаудира и се смее заедно со сопругот додека стои до него, но секунда подоцна се гледа како нагло ја врти главата, ги превртува очите и сосема го менува изразот на лицето.


Не требаше многу време Твитер да се инспирира од оваа ситуација и да започнат бурни реакции. „Кој друг има чувство дека Меланија не може да издржи да го гледа својот сопруг“, „Меланија го презира исто како и сите пристојни луѓе“, „Нејзиниот костим за Ноќта на вештерките е маска на жена која го сака својот сопруг и не е над неа - одлично ѝ прилега“, „Изгледа како да почувствувала непријатен здив“, „Го мрази од дното на душата“, се само некои од илјадниците коментари.