Интервју на деценијата: Меган и Хари го открија полот на нивното второ дете

Двајцата го открија полот на нивното второ дете во искреното и шокантно интервју што и го дадоа на Опра. Нивното бебе треба да родилетово.

„Девојче е“, ѝ откри Хари на Опра.

Меган и Хари пред светот открија дека го очекуваат своето второ дете на Денот на вљбените со трогателна објава на социјалните мрежи.

Можеме да потврдиме дека Арчи ќе биде постар брат. Војводата и војвотката од Сасекс се многу среќни и го очекуваат своето второ дете “, изјави тогаш портпаролот на парот.

Веста доаѓа откако минатиот јули Маркл имаше спонтан абортус и само неколку дена откако победи во судска постапка против Associated Newspapers Limited.

Додека го гушкав својот првороден, знаев дека го губам второто. Неколку часа подоцна лежев во болничкиот кревет и го држев за рака на мојот сопруг. Ја чувствував неговата мирна рака, ми ги бакнуваше зглобовите, кои беа мокри со солзи на двајцата. Загледав во студените бели sидови и се прашував како ќе ја надминеме оваа загуба“, искрено рече тогаш Меган.


Фото: Youtube/screenshoot

Можеби ќе ве интересира:

Меган ја обвини Бакингемската палата: Шират невистини за мене и Хари