Интервју со Александра Јанушевска - Единствена жена електро инженер во Челичарницата на Макстил

Добивај вести на Viber

Александра Јанушевска инженер за информатички системи во одделението Мерно-регулациони техники и информатички системи во одделот Одржување во погонот Челичарница

Успешната жена во машките професии можеби не е честа слика, а уште помалку жена во металуршката индустрија Но, тоа е Александра Јанушевска, единствена жена електро инженер во Челичарницата на Макстил. Александра е жена која верува во моќта на знаењето, на истражувањето и секојдневно се предизвикува себеси низ разните проектни задачи. Горда на сопствените професионални успеси, секој ден посилна поради совладаните препреки а се радува на едноставноста, на позитивната атмосфера и тимскиот дух кој го има со колегите. Низ примерот на Јанушевска се оцртува сликата што многу млади жени ја посакуваат во својот професионален развој, а тоа е средина и компанија каде се цени знаењето и стручноста.

На позиција инженер за информатички системи, во Одделот Одржување во погонот Челичарница, во Макстил вие сте единствена жена. Какви се условите за раст, развој и напредок за жена во оваа индустрија и колку е ценета вашата работа?

Веќе 8 години, работам во одделот Одржување и да, точно, јас сум единствената жена електро инженер во Челичарница. Условите во кои работам ми овозможија личен раст и развој и напредок во кариерата. Освен личната мотивација, односно можам да кажам скоро вродена љубов кон професијата, амбицијата и посветеноста, во Макстил наидов на дополнителен поттик за развој на оние особини што мене ми беа најважни и тоа доведе да се доизградам во врвен професионален и експерт во полето на информатички системи, и независно од тоа што сум жена, од моите години, претходно искуство или какви и да било предрасуди. Мојот пример говори за Макстил како компанија каде стереотипи не постојат, предрасудите се непознати, а владеат изедначени услови за сите вработени.


Што ве привлече кон овој професионален профил?

Инженерството, особено областите поврзани со компјутерските технологии, програмирањето, одржување на компјутерските системи и секојдневното изнаоѓање на технички решенија за процесот, отсекогаш ја предизвикувало мојата амбиција и желба за продлабочување во работата. Првичниот интерес кон новите технологии и дигиталната транзиција на општеството, кај мене беше уште повеќе поттикнат од условите во кои работам, задачите кои се поставени пред мене и можностите што ги нуди Макстил во надградување на знаењата, паралелно со работа на големи металуршки проекти.

Зошто работа и кариера во Макстил?

Можеби случајот ме донесе во Макстил, меѓутоа, денес после 8 години поминати во тука, работата, сѐ уште ми претставува секојдневна сатисфакција. По природа сум личност што не се задоволува со граници и стагнација во која било смисла, затоа работата ја гледам како загатка на која што одговарам со целосно вложување, учење и надградување. Како на почетокот кога имав многу што да научам, исто така и денес, за професионален профил како мојот, да се биде дел од тимот на Макстил, каде постојано се стреми кон високософистицирана опрема, каде се следи трендот на модернизација во областа на автоматиката не само во производството, туку и во одржувањето, е се што може да посакате. Секојдневно знаењето ви е предизвикано од нови проекти, на повисоко ниво од претходниот ден, но истовремено пред вас се дадени можности да одговорите со учење и лично надградување.

Што ве прави повеќе горда, тоа што сте жена инженер или што сте единствената жена во таканаречена машка професија?

Макстил е компанија каде стереотипите и предрасудите на машка и женска професија не постојат, тука се цени исклучиво стручноста, знаењето, трудот и посветеноста кон работа. Токму ваквата политика на компанијата, мене ми овозможи целосна реализација на проект на лично моја иницијатива и спроведен под моја надлежност заедно со мојот тим кој ме поддржа, ми помогна во реализирањето и кој веруваше дека ќе успееме. Така што, кога зборуваме за гордост, за мене вистинска гордост е професионалниот успех, а тоа се постигнува со работа, посветеност и верба во компетенциите, нешто што во Макстил е загарантирано за секој вработен.

Дали нешто би смениле во изборот на професија или во вашата кариера и што?

Не, доколку би требало повторно да избирам би ја одбрала мојата професија. Поради љубовта  и интересот кон техничките науки отсекогаш сонував и посакував да бидам инженер. И да ми е дадена можност да бирам каде да работа, тоа би било Макстил, затоа што тука најмногу се цени вредноста на професионалецот, се цени стручноста и знаењето. А оттаму почнува се во развојот на една кариера.


Што е поголем предизвик за вас, работните или домашните обврски?

Работните обврски, бидејќи со нив се соочувам секојдневно и ме предизвикуваат, дали со некоја иновација, технолошки пронајдок или опрема или пак задача што како енигма сакам да ја решам. Учеството во бројни проекти кое ми претставуваат огромно задоволство во работата, и притоа придонесува за здобивање со нови знаења, постојано надградување, усовршување и градење на кариера, е само дополнителна причина за мојот избор.


*Пр објава