Интимно здравје: 7 работи што вашиот гинеколог сака да ги знаете

Добивај вести на Viber

Без оглед на тоа дали имате деца, не смеете да го занемарите вашето интимно здравје. Редовните гинеколошки прегледи се клучни, а има и работи на кои, според советите на гинекологот, треба да обрнете внимание.

За време и после бременоста, некако е природно дека нашето интимно здравје повеќе не е наш главен приоритет. За жал, ова може да доведе до самозанемарување, што во никој случај не е препорачливо. Затоа издвојуваме работи за кои треба да размислуваме заради сопственото здравје.

1. Посетувајте редовно гинеколог, дури и ако не планирате да имате повеќе деца

Кога имате дете, не значи дека веќе не треба да се грижите за вашите гради или за интимните делови од телото. Важно е редовно да посетувате гинеколог и да го следите сопственото здравје, без оглед на фактот дека не сакате повеќе деца.

2. Никогаш не сте премногу млади за превентивно испитување на дојка

Иако постојано се истакнува колку е важно жените постари од 45 години да ги прегледуваат градите редовно, поради опасност од малигнитет, помладите треба да го сторат истото, особено со семејна историја на болеста.

3. Не е во ред мускулите на карлицата да бидат премногу опуштени

Породувањето понекогаш може да направи голем број на промени во мускулите на карлицата, без оглед дали е природен или по царски рез. Како резултат, често може да се случи неколку капки урина да тече неконтролирано кога кивате, кашлате, се смеете. Ова е нормална појава во мали количини и не треба да трае подолго од една година. Ако трае и е поупорно, најдобро е да се консултирате со гинеколог.

Ако станува посериозен проблем, можете да ги зајакнете тие мускули со вежби, а ако завршивте со раѓање деца - операција.
Во секој случај, вежбањето може да помогне. Потребно е многу повторување и време да се забележи разликата

4. Можете да направите нешто по прашање на ПМС

Да, постојат начини да се смират симптомите на ПМС. Редовната употреба на калциум и магнезиум може да ги ублажи физичките симптоми и промени во расположението кај некои жени. Никогаш не треба сами да си ја одредувате количината на додатоци, туку да ја оставите на вашиот лекар. Комбинацијата на магнезиум и витамин Б6 исто така може да биде корисна.

Некои студии покажаа дека жените кои редовно вежбаат имаат помалку болни периоди.

5. Неплодноста може да се јави кај секого, дури и ако веќе имате дете

Иако раѓањето на детето покажува дека вашата плодност е добра, тоа не значи дека проблемите со зачнувањето не можат да се појават подоцна. Она што го знаеме е дека како што поминуваат годините, е сè потешко да останете бремени. И покрај тоа што сте родиле дете, никој не може да гарантира дека следната бременост ќе дојде лесно.

Ако не забремените после шест месеци активни обиди, не заборавајте да посетите лекар.

6. Сексот не треба да биде болен, дури и по породувањето

Болниот сексуален однос е знак дека нешто не е во ред. Секоја непријатност во областа на вагината за време на сексот треба да ве предупреди на лекар. Болката може да биде знак на циста, ендометриоза, па дури и инфекција на уринарниот тракт. Треба да пријавите, било каков вид на карлична непријатност, без разлика дали при циклус, секс или вежбање, на вашиот лекар.

7. Не треба да го 'чистите' телото од апчиња за контрацепција пред бременоста

Ако користите апчиња за контрацепција, можеби мислите дека не треба да ги земате некое време пред да се обидете да забремените. Тоа не е така. Иако би било добро да пиете пренатални витамини, не се согласувајте со какви било производи пред зачнувањето. Лекарите посочуваат дека не треба чистење по употреба на хормони.

извор: yumama.com