Животна училница // Приказни
Ирина Шајк не знае да погреши: Уште една нејзина комбинација за чиста 10 - ка
- 30 Јануари, 2021
Манекенката не знае лошо да се облече...
Ирина Шајк секојдневно успева да ги израдува модните критичари. Овој пат, таа ни даде одличен предлог за лежерен стајлинг во кој можеме да одиме на работа или да прошетаме малку низ градот.
На листата на бои кои се во тренд, виолетовата боја зазеде високо место, така што овој избор е полн погодок. Покрај тоа, капутите со нагласени рамена се исто така многу популарни.
Кога имате едно вакво ефектно парче, доволно е само да облечете класични фармерки и блуза и сте подготвени.
Ирина води сметка за сите детали, па така се потруди и заштитната маска да ја искомбинира со стајлингот.
фото: Profimedia