Ѕирнете во нереалниот „зимски дом“ на Лидија Вукиќевиќ: Инспирирана од снегот го украсила целиот стан

Актерката размислувала за секој детаљ во својот дом и се изгледа нереално

Популарната актерка Лидија Вукиќевиќ покажа како го украсила својот семеен дом.

Иако многумина веќе ги накитија елките и ги украсија домовите, бидејќи Новата година е само зад аголот, Лидија се‘ уште не го направила тоа, но својот стан го украсила инспирирана од снегот и зимската магија надвор.

Актерката прво покажа како изгледа нејзината тераса, но и магичниот поглед од неа на снежната покривка, а потоа воодушеви со деталите во дневната соба.

Лидија ставила на прозорците новогодишни елки, снегулки и ѕвона од бела хартија, а се чини како сама да ги направила, инспирирана од снежната покривка и претстојните празници.

Во домот на познатата актерка владее вистинска зимска магија со која таа ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм каде сподели снимки од својот нереален дом кој инаку сама го уредувала и украсила. 

„Вистинска идила“, „Лидија, се е навистина убаво“, „Нереални детали“, „Махер си за украсување“, „Каква идила за уживање“, „Прекрасен стан и декорација“, „Уживајте во својата креативноста“,  се некои од коментарите.


Фото: Инстаграм - Лидија Вукичевиќ

Лидија Вукичевиќ ја исправи косата: Без препознатливите кадрици, луѓето не можат да ја препознаат (ФОТО)