Ѕирнете во празнично украсениот дом на писателката Ксенија Николова: Сопругот учествува во сè
Писателката Ксенија Николова ги отвори вратите од својот дом за читателите на Женски Магазин, во кој владее предпразнична магија.
* Годинава полека но сигурно заминува, пред нас е Новата 2022 година. По што ќе ја паметите 2021, а што си посакувате за Новата година?
- 2021 беше одлична година за мене на професионален план, моите книги доживеаа превод на англиски и бугарски јазик и со тоа ми се исполнува една голема желба.
* Новогодишно-Божиќните празници се најубавиот период од годината. Домовите тогаш ги украсуваме и го навестуваме доаѓањето на Новата година, но и раѓањето на Исус Христос. Како Вие го украсивте Вашиот дом годинава?
- Сината боја ми е омилена, па на елката доминира токму таа. Елката е со снег, изгледа многу весела и ме потсетува на спокој.
* Сами украсувате или барате помош од стручни лица?
- Сами со сопругот кој учествува во сè.
* Ја украсувате само дневната соба или практикувате во скоро секоја соба од вашиот дом да има мал празничен детаљ?
- Искрено, само дневната. Другите соби ми се веќе доста пополнети и украсени со детаљи кои ми значат. Лани си ја купивме првата наша елка и многу ѝ се радуваме. Едвај чекавме да ја украсиме и оваа година.
*Д.К.И.