Погледнете каква новогодишна магија владее во домот на водителката Анастасија: Дениција знае дека елката не е за играње
Предпразнична атмосфера владее во домот на водителката Анастасија Деа и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски (Бетмен Велит). Тие уживаат во прекрасно украсениот стан во кој главна ѕвезда е ќеркичката Дениција, а Деа со Женски Магазин сподели дел од нивното катче.
* Годинава полека, но сигурно заминува, пред нас е Новата 2022 година. По што ќе ја паметите 2021, а што си посакувате за Новата година?
- 2021 ми донесе многу убави моменти. Моменти за паметење. Од сите нив сепак би ги издвоила: првиот роденден на Дениција, свадбата и моментот кога дознавме дека повторно ќе станеме родители. На крајот на 2020 знам дека си посакав да сме сите живи, здрави, на број или побројни. Ете, желбата ми се исполни. Сега повторно го посакувам истото.
* Новогодишно-Божиќните празници се најубавиот период од годината. Домовите тогаш ги украсуваме и го навестуваме доаѓањето на Новата година, но и раѓањето на Исус Христос. Како Вие го украсивте Вашиот дом годинава?
- Годинава за разлика од претходните дома е украсено со многу помалку украси, а причината е малиот истражувач кој сака сè да допре и да осознае. Среќа, за сега е многу умна и знае дека елката не е за играње. Но сепак ја задржавме новогодишната и божиќната атмосфера, затоа што нема ништо поубаво и повесело од самиот момент на украсување на домот, враќањето низ сеќавањата од детството и создавањето нови моменти за паметење.
* Сами украсувате или барате помош од стручни лица?
- Идеи за украсување наоѓам на социјалните мрежи. Многу сакам направи сам проекти, а за овој период од годината има толку многу одлични идеи кои лесно може да ги направи секој.
* Ја украсувате само дневната соба или практикувате во скоро секоја соба од вашиот дом да има мал празничен детаљ?
- Секоја соба има некој мал празничен детаљ, тоа може да е перниче или пак свеќа. Сепак дневната и балконот се во фокусот. И секако, играчките на Дениција, затоа што сега си игра со Дедо Мраз, Рудолф и снешко.
*Д.К.И.