Приказни,
Семеен Албум
Дениција ќе стане голема дада: Водителката Анастасија и Богдан очекуваат второ дете
„Ѝ се исполни желбата на Дениција - ќе си добие „бато““ - водителката Анастасија е бремена, со сопругот Богдан Илиевски (Бетмен Велит) ќе станат родители по втор пат!
Парот ја добија ќеркичката Дениција минатото лето, на 25-ти јули, а точно една година подоцна и официјално ја крунисаа нивната љубов со брак и свадбена церемонија кога Анастасија воддушеви со уникатен невестински фустан кој го нарече фустан од соништата.
Денес пак, водителката ги објави среќните вести дека Дениција ќе си добие братче. Таа вели дека додека ја прележувале короната дознале дека повторно ќе станат родители.
„Дениција беше најумното бебе а сега веќе малечко девојче, па затоа желбата и' е исполнета. Ќе си добие "бато".
Да бидам искрена на крај од 2020 кога сето ова со пандемијата беше ново, единствено нешто што си посакав беше да сме живи, здрави, на број или побројни.
И додека ја прележувавме короната дознавме дека повторно ќе станеме родители. А Дениција ќе стане голема дада.
Нашето мало девојче - голема дада.
И тоа најумна, најнежна и најгрижлива.
На сето ова, времето со втора бременост и 17 месечно девојченце лета како лудо.
Не знам веќе кој побрзо расте. Јас, Дениција или бебуш“ - напиша Анастасија покрај фотографијата од Дениција на која држи фотографија од ултразвук.