Во венчаница од соништата: Водителката Анастасија и Богдан Илиевски правеа свадба (ФОТО)
Водителката Анастасија Деа и Богдан Илиевски (Бетмен Велит) викендов правеа свадба во Охрид.
Парот ја добија ќеркичката Дениција минатото лето, на 25-ти јули, а точено една година подоцна и официјално ја крунисаа нивната љубов со брак и свадбена церемонија.
Новинарката и поранешна уредничка на телевизијата Алфа, Анастасија Богдановска воддушеви со уникатен невестински фустан кој го нарече фустан од соништата.
Анастасија се откажа од класичната венчаница и се одлучи за едноставен, но волшебен фустан, составен од краток фустан преку кој паѓа лелеав проѕирен светликав материјал украсен со реси. Нежниот накит во комбинација со впечатливата шминка која ги истакнува незините зелени очи, го надополнува целиот изглед и водителката изгледа навистина магично.
Локацијата покрај Охридското езеро уште повеќе придонесува за уникатноста за оваа посебна прилика за парот.
Малата Дениција е преслатка во бело фустанче фотографирана во прегратките на мама Деа.
А на заедничката фотографија со сопругот, водителката му посвети емотивни зборови: