„Исцелител“ освои две награди во Шпанија
Филмот „Исцелител“ на
режисерот Ѓорче Ставрески доби
двенагради на свеченото затворање на престижниот фестивалот „Mostra
de Valencia“ во Шпанија: сребрена палма и награда за најдобра режија.
Членови на жирито на 33-тото издание на фестивалот беа: Сабрина Сејвеку, актерка од Франција, ХедјаЛемкечер, режисерка и продуцентка од Тунис, Аманда Вилавиеја, инженер на звукод Шпанија, Марко Ломбарди, филмски критичар од Италија и Рана Салем, режисерка и актерка од Либан. За филмот жирито изјави: „Наградите седоделуваат за оригиналноста на темата на која е посветен филмот и за вештината со која се наоѓаат најдобрите состојки за да се прикаже реалноста на болеста со доза нахумор и со неверојатен баланс на комедија и драма“.
Ова беше премиерно прикажување за „Исцелител“ во Шпанија. Фестивалот во Валенсија е еден од најголемите филмски настани во земјата. Тој има вкупно единаесет програми на кои се презентираат уметнички филмови од Медитеранскиот регион. Овогодинешен гостин и добитник на почесната награда на „Mostra de Valencia“ е канскиот лауерат, Абделатиф Кешиш, режисерот на филмот „Сината е најтоплата боја“.
Друштвото на филмски работници минатиот месец го избра „Исцелител“ да биде македонски кандидат за претстојните Оскари во категоријата за филм од неанглиско говорно подрачје.
Главните улоги во „Исцелител“ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје и во копродукција со ГРААЛ С.А. од Грција.
Повеќе информации во врска со филмот има на неговата ИМДБ страница: https://www.imdb.com/title/tt7610008/