ИСЧЕКУВАЊЕ

Добивај вести на Viber

  Колку може еден обичен настан да му го сврти животот на човек. Првпат, отидов в диско и намерата ми беше да се дружам со млади од моја возраст, да ја живеам младоста, да се запознам со друштвото на Александра, но сосема случајно си најдов симпатија. Вечерта ми беше срам да разговарам со Весна и си легнав бидејќи не сакав да си го уништам тој чудесен миг. Се чувствував како љубовна стрела да ми го погоди срцето, бев здрвена и обземена од целиот настан. Цела вечер размислував за Марко, не знаев што ќе се случи, дали и воопшто пак ќе го видам, може сè е обична лага.

  Утрото ме разбуди Весна. Направила појадок и ме пречека со зборовите: „Добро утро сестро, изгледа ти убаво си помина синоќа в диско. Се надевам вечерва се одмори. Ако си изморена денес остани дома, јас сама ќе одам во фризерскиот салон“. Одмавнав со глава и ѝ реков: „Никако. Доаѓам и јас со тебе“.

  Кога влеговме во салонот немаше муштерии и веднаш Александра ни пријде и почна да се шегува: „Ајде Милка, раскажи што ти се случи сношти. Зар уште не ѝ кажа на сестра ти?“ Поцрвенев и Весна ме погледна и ми кажа: „Сестро, многу си таинствена“. Кратко ѝ реков: „Не сум таинствена“ и погледнав низ трепки. Сите беа весели и пиејќи го кафето беа љубопитни. Александра кратко раскажа со гордост: „Се запозна синоќа со братучед ми Марко и тој готово се вљуби во неа. Утрово замина на одмор и ми се јави и ми рече кога ќе дојдел да сме излегувале заедно“.

  Сестра ми беше целата во прашалници. Сигурно не очекуваше веднаш да најдам симпатија. Миа, газдарицата на фризерскиот салон забележа и кажа: „Добро, баш убаво. Милка нема потреба од срамење, така почнува љубовта, а ти Весна имаш друштво во градов. Убаво ќе биде и Милка да остане тука. Многу е рано да се каже, но времето ќе покаже. Никогаш и ништо не се знае каква ќе биде иднината“. Сепак, сите беа радосни што ми се случило, познанство или можеби љубов на прв поглед.

  Почнаа да влегуваат муштерии и секоја од нас се фати за работа. Денот помина брзо. По пат накај дома. Весна ми рече: „Милке, ќе излеземе деновиве в град да купиме гардероба за тебе: тренерки, патики, фустани, панталони, долна облека и се што е потребно.

  Влеговме дома, беше задимено. Весна промрмори: „Кире дошол, пази што зборуваш“. Климнав со глава, а додека ние правевме ручек, тој спиеше. Се разбуди и се поздрави, но отсутно, незаинтересирано, зјапаше во празно, без емоции. За време на ручекот разговараше со Весна како да се туѓинци. Немаше никаква симпатија, ниту почит. Кога излезе, Весна ми рече: „Милка е ова е Кире. Ќе си дојде, не се ни јавува. Ќе преспие и кога ќе излезе, го нема до сабајле. Утре ќе биде пијан и толку од него. Понеделник пак заминува“.

  Навистина така се случи. Сестра ми имаше закажано средба, но ја откажа. Тој утрото се врати дома пијан, па спиеше и после излезе така што не го видов повеќе. Пред да замине ѝ оставил на сестра ми пари и замина без да се поздрави. Утрото кога пиевме кафе, Весна ми кажа: „Ех сестро, ова е мојот живот кој го кријам од сите. Ни пари, ни љубов, ни милување, ни секс. Ништо. Јас не можам да живеам така. Ќе завршам курс, потоа ќе отворам фризерски салон, сакам да бидам самостојна“.

  Мене ми беше многу жал, но само ѝ реков: „Сестро, сè ќе се среди. Немој да мислиш, ниту да се нервираш. Јас сум тука и за сè што треба ќе ти помогнам. Работите сами ќе се средат. Така мама зборуваше секогаш. Мама мислиш не знае? Чувствува. Зошто инсистираше да дојдам кај тебе?“ Станав ја прегрнав и долго така седевме прегрнати.

  Деновите врвеа. Бевме пак в диско, имав и други покани за играње од момчиња, но не ме привлекуваа. Поминаа десетина дена. Мислев Марко ме заборавил, го немаше да дојде. Поминуваа денови а од него ни трага ни глас.

  По два-три дена пред крајот на работното време кога излегувавме од дуќан, се појави Марко. Александра кога го виде пријатно се изненади и го праша: „Марко, од каде ти? Марко ѝ одговори: „Па, дојдов од одмор и еве да ве видам“. Ме погледна. Од очите му извираше желба, страст, копнеж. Бев пресреќна. Сестра ми замина сама накај дома. Александра, јас и Марко тргнавме заедно. Поминувајќи кон едно кафуле, Марко нè понуди да седнеме. Седнавме, но Александра се сети дека мора да оди дома, ќе и дојделе гости или сакаше да нè остави сами и си замина.

  Марко ме фати за рацете. Го погледнав. Очите му светеа, погледот му беше продорен и решителен: „Милка, сакав да те видам повторно и eдвај чекав да си дојдам од одмор. Секогаш одморот сакав да ми трае бесконечно, но сега сакав,  само, да  се вратам“. Потоа, разговаравме за обични теми, за училиштето, другарството. Ме испрати. Се договоривме да се видиме другиот ден.

  Кога влегов дома, Весна ме чекаше и ми кажа: „Сестро, мора да разговараме. Дојде моментот да учиш малку повеќе за животот. Имам многу настани што треба да ги дознаеш“. Седнав, и таа почна да раскажува: „Се сеќаваш кога одев со мама на пазар. Многупати ќе и речев да си оди, да работи, а јас ќе продадам сè. Така запознав едно симпатично момче. Тој секогаш ми помагаше, но не го запознавав доволно. Се видовме повеќепати. Се заљубив во него. Седевме по кафеани, се шегувавме и чувствував дека и тој ме сака. Еднаш, се напи и ме однесе дома, божем на гости. Ми рече дека живее сам. Седнавме, но тој почна да ме соблекува. Не можеше да се воздржи и почна да зборува: „Мила моја, имаш тело неверојатно секси, тенка половина, убави кружни цицки, добро заоблени бутови и прекрасни нозе и неверојатно добар газ. Мислам дека твојот газ беше нешто што ме привлече најмногу“. Мене, во тој момент, ми беше срам, но тој ме запали со овие негови зборови. Со рацете почна да се движи кон моите совршени гради, со јазикот ги грицкаше моите брадавици и со врвот на неговиот јазик преку папокот стаса до долу. Потоа, рече: „Ах, мое „маче“, сега ќе те љубам“ и продолжи да ме бакнува, да ме грицка и го стави јазикот длабоко во мене. Почнав да стенкам, но тој беше искусен и продолжи да си игра со мојата врела „мачка“. Не се разбирав во секс во тоа време, кога почна и со рацете да ме допира и одеднаш почувствував бура од задоволство и почнав да се грчам“. Весна запали цигара, се напи од кафето и продолжи...

АНОНИМНА