Исхраната е клучна – креирајте мени на здрави производи без додаден шеќер!

Добивај вести на Viber

Ноември е глобално признат како месец за подигање на свеста за дијабетесот и внесот на шеќери, расветлувајќи ги последиците од прекумерното консумирање шеќер врз здравјето. Со оглед на тоа што Светскиот ден на дијабетесот  се одбележува на 14-ти ноември, тој служи како потресен потсетник за итната потреба за решавање на здравствените проблеми поврзани со прекумерниот внес на шеќери и јаглехидрати.

Сеприсутното присуство на шеќер во нашата исхрана е поврзано со низа здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина, дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести. Високиот внес на шеќер не само што придонесува за зголемување на телесната тежина, туку и претставува значителен ризик за метаболичкото здравје.

Иако генетиката може да игра улога во ризикот од дијабетес тип 2, начинот на живот и исхраната се двата најзначајни фактори кои можат да влијаат на нашата веројатност за развој на оваа состојба. Сепак, добрата вест е дека постојат конкретни чекори што можете да ги преземете за да го намалите ризикот од дијабетес тип 2.

Следниот појадок нека ви биде гранола без додаден шеќер Виталиа, кои се идеално крцкава мешавина од целозрнести житарки и јатки, а претставуваат безгрижно задоволство поради внимателно одбраните состојки и балансираниот нутритивен состав. Или пак, ако немате доволно време за полн оброк, тука се гранола баровите без додаден шеќер кои ќе ви понудат нова доза енергија уште со првиот залак, а притоа ќе ве снабдат со солидно количество на железо, калциум, цинк и останати корисни состојки.

Со малку труд и упорност, ќе успеете да направите целосна реорганизација на стилот на исхрана и ќе стекнете далеку поздрави навики. На полицата во вашиот локален супермаркет може да најдете широка понуда од производи без додаден шеќер на Виталиа, кои може да ги комбинирате во оброците. Таков е и Веган кремот, сладок и кремаст намаз без додадени шеќери, направен од какао и лешници. Погоден дури и за вегани, кремот е идеален за сè, од вашиот утрински тост, со свежо овошје или на парче крцкава галета за вкусна попладневна ужина.


Пристапот кон исхраната е скоро подеднакво важен колку и состојките кои ги внесувате. Информираниот, насочен пристап често дава подобри резултати отколку долгогодишните диети на кои им се посветуваме половично, со мамење и заобиколување на правилата на диетата. Низа на мали промени неизбежно ќе резултита во една голема промена. Затоа, следниот пат кога ќе сакате да подговите чај и да го засладите, запомнете дека постои поздрава алтернатива и искористете стевиа наместо шеќер. Така, драстично ќе го намалите внесот на калории и ќе го намалите штетниот ефект кој белиот шеќер го има на вашите заби, срцето и крвниот притисок.

Следен пат кога ќе одите во шопинг по храна, прочитајте го составот и внимавајте на нивото на шеќер кое производите го содржат. Купувајте свесно и хранете се здраво!


*пр-објава