Исхраната е најважна за правилен раст и развој кај децата, Литл Ми секое утро го почнува со здрав појадок
Избалансираната исхрана е една од најважните работи за правилен раст и развој на вашето дете. Здравите животни навики почнуваат уште од најрана возраст и тие се развиваат како секое дете. Колку порано се применат кај детето, толку подобар ќе биде развојот кај сите деца во иднина. Овие навики не зависат само од влијанието на семејството, туку и од останатите деца, од однесувањето на другите родители, од околината, од градинката.
Штом детето ќе почне да посетува градинка, животот добива нова рутина. Во тој момент, тоа се наоѓа во нова средина, запознава нови другарчиња, другарува, комуницира и си игра. Здравата исхрана во градинка е неопходна затоа што му помага да биде активно, му дава сила, енергија и концентрација.
Исхраната кај детето треба да се состои од редовни оброци и ужинки кои вклучуваат овошје и зеленчук, леб и житарици, месо, риба, пилешко, јајца, мешунки, млеко, јогурт и сирење. Доколку сакате вашето дете побрзо и полесно да ја прифати разновидната исхрана поттикнете го и едуцирајте го низ игра, правете интересни рецепти, заеднички разговарајте за добрите страни на овошјето и зеленчукот, спроведете креативна работилница со цртање и учете го низ интерактивни квизови. Ограничувањето на солената, масна и слатка храна со шеќери е првиот чекор до негово подобро здравје, бидејќи преголемиот внес на шеќери може да му го влоши здравјето и да го покачи шеќерот во крвта.
Приватната детска градинка Литл Ми секое утро го почнува со здрав појадок за секое дете, а по повод Светскиот ден на дијабетесот - 14 Ноември, вчерашното утро го почна со кратко едукативно запознавање за бенефитите од протеинска исхрана, зошто треба да ја конзумираат и како истата делува.
Оваа детска градинка што е синоним за врвен стандард во делот на квалитетно воспитно-образовната работа го дава својот максимум во негата и грижата кај сите деца подеднакво. Се грижи секое дете да биде среќно, исполнето, социјализирано, го учи за вистинските вредности од најрана возраст и вложува во здрав развој преку разновидна и балансирана исхрана, физичка активност и емоцијална поврзаност. Во Литл Ми децата учат низ игра и секојдневн имаат игри за утринско будење на телото, вежби, танцување и зумба после секој оброк за подобра дигестија на храната. Литл Ми има спремен и обучен тим, најсовремени и добро опремени простории што овозможува највисок стандард на воспитување.
Многу е важно како родители и вие да негувате здрави навики во исхраната, бидејќи првенствено детето го гледа вашиот пример. Не е доволно само во градинка да се храни здраво и да стекнува здрави животни навики, туку и родителите имаат клучна улога во правилниот развој на детето.
ПР објава