Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), и за време на овој викенд времето во Македонија ќе се задржи, стабилно, суво, сончево и претежно тивко, со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови останува релативно студено, иако минималните температури ќе бидат малку повисоки за разлика од изминатите утрини, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Исто така, во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.
И во Скопскиот регион за време на овој викенд останува стабилно, суво, сончево и претежно тивко време. Наутро ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.
МНОГУ ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Се очекуваат вистински зимски температури
Извор: Фактор