Искрена и тажна: Анистон конечно проговори за првата средба со Анџелина Џоли

Никогаш не било тајна дека двете холивудски актерки Џенифер Анистон и Анџелина Џоли не се во добри односи. За љубовниот триаголник со нивниот колега Бред Пит медиумите не престанаа да пишуваат.

Анистон позади себе има два неуспешни брака. Првпат се омажи 2000 година и тоа токму со Пит. Нивниот брак траеше само 5 години, а причината за разводот беше Анџелина Џоли, во која тој се заљуби во текот на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

Џенифер проговри и за тој дел од својот живот и откри дека Анџелина ја сретнала само еднаш и тоа на паркингот на кој се снимала една сцена од „Пријатели“, во која Анистон играше една од главните улоги.

Меѓутоа, тоа што го изјави Џоли многу ја растажило. Имено, нивната средба се случила малку пред почетокот на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, во кој Бред Пит и Анџелина Џоли ги имаа главните улоги. Џенифер раскажа дека подзастанала која ја видела Анџелина и ѝ рекла: „Бред е толку возбуден што ќе работи со тебе. Се надевам дека ќе се забавувате.“

Секако, таа не можела ниту да замисли што се’ ќе се случува во блиската иднина и дека сопругот ќе ја остави токму заради нејзе, пренесуваMirror.

Бред Пит и Анџелина се венчаа во 2014 година, но и нивниот брак после две години заврши неславно.