Испеглајте ги брчките на лицето со две природни состојки

Добивај вести на Viber

Ова е најприродната маска за лице, а потребни ви се само морков и мед.

Состојки: 

1 морков

2 лажички мед

Подготовка:

Морковот измијте го и исецкајте, па ставете го во блендер. Блендирајте се додека не се издвои сокот па додајте го медот. Измешајте ги состојките.

Употреба:

Кога ја подготвите маската, нанесете на лице и така држете 15 минути. Лицето измијте го прво со млака, а потоа со ладна вода за да поттикнете циркулација. За видливи резултати користете ја оваа маска два пати неделно.