Испиша историја: Запознајте ја Невена - првата жена победничка на „Срвјавер“ на Балканот

Невена Блануша е првата жена победничка на Survivor од нашите простори, таа ја освои победата во синото племе кое се состоеше од Хрвати, а во црвеното племе пак - за Србија, победник е Стефан Невистиќ.


Годинава шоуто „Срвајвер“ имаше два победници бидејќи натпреварувачите беа поделени во две групи, односно племиња - од Хрватска и од Србија. 

Невена го победи соиграчот Горан кој пак ги освои срцата на жените со неговата харизма, а Невена влезе во историјата како прва жена од регионот која победила во возбудливата натпреварувачка шоу програма Survivor.

Згоден и успешен: Кој е Горан од „Срвајвер Србија“ 2022 по кој полудеа жените ширум регионот? (ФОТО)


Од црвениот тим, борбата за победа ја водеа кошаркарката Милица Дабовиќ и Стефан.

„Во Survivor научив дека секој сон може да се оствари ако го сакаш доволно силно и дека ништо не е невозможно“, изјави Невена.

Невена од Хрватска е магистер по кинезиологија и тренер и таа заслужено ја освои наградата благодарение на нејзината истрајност, сила и постојаните победи на полигоните и игрите.


Таа во Survivor беше 58 дена, бидејќи влезе нешто подоцна од останатите натпреварувачи кои преживуваа на островот вкупно 72 дена.

„Јас сум личност која има јасно дефинирани цели во животот. Знам да бидам многу тврдоглава и упорна во желбата да го постигнам она што сум го зацртала. Јас сум личност со силен карактер, искрена и многу критична. Мојот карактер е исто така мојот најголем адут и работам на себе. Се радувам на се што ме чека. И на тешките и на убавите моменти. Сето тоа е дел од играта.Мислам дека мојот најголем предизвик ќе биде гладот“, рече таа при нејзиното вклучување во Survivor.


Се исушија за еден месец: Драстична промена на учесниците на „Survivor“ (ФОТО)

Нејзиното животно мото е дека „Цел без план останува само желба“.

Како победничка на Survivor за 2022 година, таа освои петнаесет илјади евра, односо годинашнава награда беше 30.000 евра, а ја поделија двајцата победници меѓусебно. 
Стефан пак е од Белград и тој работи во Црвен крст на Србија.

*Успешен рагбист, се прослави во спот на Цеца: Стеван е најзгодниот учесник во „Срвајвер Србија“ 2022 (ФОТО)

*Милица Дабовиќ: Ме убива помислата дека на син ми ќе треба да кажам „Стефан, жал ми е што за твој татко го избрав најлошиот човек на планетата“